Мени
Дома
Арт
Зошто музиката предизвикува морници?
Модни трендови што треба да исчезнат во 2021
Серија што не се пропушта : The OA (Original Angel)
Нови книги за уметност
Мода
Филм
Уметност
Музика
Серии
Фотографија
Литература
Здравје
Храна што не може да ве здебели
Црвено вино за добар сон
Ендорфините се природни поттикнувачи на доброто расположение
Рoдиола против стрес
Храна
Нега
Вежбање
Живот
Дали навистина знаеме да слушаме?
Скен на мозокот покажал дека дел од нас останува “ЈАС” до крајот на животот.
Луда и незаборавна домашна новогодишна забава
Што ги задржува луѓето да ги напуштат работните места што ги мразат?
Каскадер
Колумна
Интервју
Духовна гимнастика
Љубов
Психологија
Есенција
Технологија
За нас
Контакти
Ново
Растенијата си зборуваат меѓусебно
јануари 23, 2021
Есенција
Растенијата умеат да комуницираат и тие комуницираат едни со други, надземно и под земјата, на изненадувачки суптилни и софистицирани начини. Научниците открија дека растенијата комуницираат преку воздухот, со ослободување миризливи хемикалии наречени испарливи органски соединенија (VOCs) и преку почвата – со лачење на растворливи хемикалии во ризосферата и нивно транспортирање по мрежи слични на конец, формирани од почвени габи. Растенијата може да бидат изложени на многу стресни фактори како што се болести, температурни промени, тревојади, повреди и на многу други влијанија. Затоа, за да одговорат или да бидат подготвени за каква било физиолошка состојба, тие треба да развијат некаков систем за нивно преживување во моментот или за во иднина. Постојат сè повеќе докази што сугерираат дека одредени растенија како јаворот, на пример, кога се загрозени испраќаат воздушни сигнали со кои ги предупредуваат своите соседи за претстојната опасност. Во Сиера, Невада, екологот Ричард Карбан се обидува да научи странски јазик. Необичен. Растителен. Растенијата изгледа се мудреци распослани по падините, кои сите овие години, всушност, си зборуваат едни со други, користејќи зборови што никој не ги знае. Карбан Дејвис, кој предава на Универзитетот во Калифорнија, слуша, па се обидува да разбере. Првите неколку документи за „дрвјата што зборуваат“ бргу беа соборени како статистички неисправни или премногу вештачки, ирелевантни за реалната војна меѓу растенијата и бубачките. Земјата за истражување не е дозволена. Но, науката за комуникација на растенијата сега организира враќање. Ригорозните, внимателно контролирани експерименти ги надминуваат тие рани критики со повеќекратно тестирање во лаборатории, шуми и полиња. Сега е добро утврдено дека кога бубачките џвакаат лисје, растенијата реагираат со ослободување на испарливи органски соединенија во воздухот. Според последното набљудување на Карбан, во 40 од 48 студии за комуникација со растенијата се потврдува фактот дека другите растенија ги детектираат овие воздушни сигнали и го зголемуваат производството на хемиска одбрана или други механизми и форми на одбрана. Растенијата, исто така, ги користат своите корени за да ги „слушаат“ своите соседи, според истражувањето, што даваат и дополнителни докази дека растенијата имаат свои уникатни форми на комуникација. Во минатото, научниците покажаа дека кога лисјето на едно растение ќе се допре со лисјето или со гранките на соседното растение, тие ги менуваат своите стратегии за раст. Се гледа дека зрелите дрвја, честопати доживуваат „срамежливост на крошната“ и од солидарност го воздржуваат својот раст доколку нема доволно простор за соседите. Други видови растенија, пак, преземаат поборбен пристап, пренасочувајќи ги ресурсите од растот на коренот за да се прошират побрзо над земјата.Денешните студии сериозно го истражуваат феноменот на „комуникација“ помеѓу билките и доказите се сè поцврсти дека таков „јазик“ постои....
Јога за ослободување од стрес
јануари 22, 2021
Актуелно / Вежбање
Во реалниот живот, сите ние сме изложени на некаков стрес – стрес предизвикан на работно место, во семејното опкружување, патување и слично. Кога сме под стрес срцето ни чука забрзано, мускулите се напнати, крвниот притисок расте, здивот ни станува брз и плиток. Нашите сетила стануваат изострени, умот е преоптоварен. Ова не е состојба во која сакаме да останеме подолго време. Јогата претставува алатка преку која може да научиме да го ублажиме секојдневниот стрес, да научиме како да ги смириме телото и умот, да живееме посмирено и порелаксирано, да го уживаме и вреднуваме секој здив. Дури и ако понекогаш изгледа невозможно, обиди се да одвоиш 10-15 минути од денот за себе, било да е тоа на утро или на крајот од денот. Јога-положби што помагаат за намалување на стресот: 1. Преклопување напред Почнуваме со седечка положба, со споени нозе и раце до телото. Дишеме длабоко, го смируваме здивот, го издолжуваме секое вдишување и секое издишување. Може благо да ги свиткаме колената. Вовлекувајќи го долниот дел од абдоменот, правиме повеќе простор во половината за подлабоко преклопување. Со вдишување посегнуваме со дланките кон стапала или потколениците. Пробуваме да го издолжиме ’рбетот со тоа што круната од главата влече кон стапала, а рамената ги враќаме назад подалеку од ушите. Остануваме така 10 долги дишења. Здивот нека остане проточен и издолжен. Оваа положба се смета за една од најдобрите положби за целокупно заздравување на цело тело – од главата до врвот на прстите. – Го смирува умот,намалува главоболка и анксиозност – Ги намалува стресот, заморот, се тврди дека дејствува терапевтски за висок крвен притисок – Го издолжува ’рбетот и ги отпушта задните ложи Ја стимулира работата на бубрезите и на црниот дроб. 2. Поза на дете Почнуваме од поза на масичка, со дланките на под во ширина на рамената и со колената на под во ширина на колковите. Ги спуштаме колковите кон петиците, стапалата може да останат споени или да се раздвојат. Со дланките шетаме напред обидувајќи се да ги спуштиме градите и челото кон подот. Му дозволуваме на телото целосно да се отпушти. Го насочуваме вниманието на здивот, остануваме тука 10 долги дишења или подолго. Главниот анатомски фокус е на бутовите. – Корисна е за ублажување на тензија во колковите, рамената и во вратот. – Го истегнува долниот дел на ’рбетот, релаксира, намалува главоболка – Ја подобрува циркулацијата на крвта – Ослободува од стрес во градите и во грбот. 3. Поза на крава и на мачка Уште еднаш почнуваме од поза на масичка, ги активираме стомачните мускули. Со вдишување, отвораме гради и рамена, а папокот го спуштаме кон подот. Вратот е издолжен, абдоменот останува активен. Полека течно преминуваме од поза на крава во поза на мачка. Со издишување, го заоблуваме ’рбетот и ја приближуваме брадата кон гради, сè уште држиме активен абдомен, влечеме со ’рбетот нагоре. Му дозволуваме на здивот да нè води низ овие две положби, се движиме низ овој проток сè додека се чувствуваме удобно. Со комбинација од овие две положби, движеќи се свесно од едната кон другата му овозможуваме на ’рбетот нежна масажа и ги отпуштаме мускулите поо должината на ’рбетот. – Се подобруваат рамнотежата и држењето на телото, создава емоционална рамнотежа – Ги масира внатрешните органи, го зајакнува ’рбетот и ја зголемува флексибилноста во вратот и во рамената. Помага при болки во долниот дел од грбот. 4. Среќно бебе Почнуваме во лежечка положба, ги приближуваме колената до градите со тоа што ги фаќаме палците од стапала со показалеците и со средените пртси од дланките, а лактите ги носиме од внатрешна страна на колена. Ги повлекуваме нозете нежно кон подот и се обидуваме долниот дел од грбот (опавчето) да остане целосно на подот. Нежно луламе лево-десно. Остануваме колку што ни е потребно. Основна поза за истегнување на внатрешните бутови, препони како и задниот дел на нозете. – Намалува болка во долниот дел од грбот – Ги намалува стресот и заморот Особено е корисна за олеснување или за декомпресија на сакрумот, односно на долниот дел, крајот на ’рбетот. 5. Нозе на ѕид Легнуваме до ѕид, ги приближуваме седечките коски што поблиску до ѕидот, со кренати нозе, исто така, доиближени до ѕидот. Убаво и пријатно сместете се. Секогаш може да ставиме ќебе под колковите ако чувствуваме притисок. Ги затвораме очите и му дозволуваме на телото да се отпушти, умот да се испразни, ослободи од сите мисли и грижи. Остани колку што ти е потребно. – Моќна ресторативна положба – Го забавува отчукувањето на срцето – Го смирува нервниот систем – Ги одмора нозете и стапалата, ги ублажува отечените глуждови и проширените вени – Помага при ублажување на менструални болки и грчеви – Го регулира протокот на крвта. Дозволи си себеси едно вакво отпуштање после долг и напорен ден. Почувствувај ги благодетите и придобивките од јогата. Јогата нè учи да се сакаме себеси и да се прифатиме онакви какви што сме. Да водиме грижа за нашите тело и ум. Да развиеме чувство на свесност во нас и околу нас. Да го цениме секој здив. Намасте! Марина Стојкоска Сертифициран јога-учител...
Што го тера мажот да изневери прекрасна партнерка?
јануари 21, 2021
Психологија
Честопати жените меѓусебе, но и јавно, го поставуваат ова прашање, можеби затоа што жените се многу поголеми перфекционисти кога станува збор за врските и за желбите на партнерот. Тие многу повеќе се грижат за својот изглед, за своето однесување, размислуваат за своите постапки, разговараат за себе со блиските и дури може слободно да се каже дека работат на својата личност, во многу поголем процент од машкиот пол. За тоа несомнено е одговорна средината во која што растеле, општеството што има двојни аршини (насекаде во светот) за жените и за мажите итн. Сепак, фактичката состојба упатува дека мажите навистина многу повеќе изневеруваат од жените. Шокот е секогаш поголем кога ќе се види еден просечен маж како изневерува навистина прекрасна жена. Убавината, ако сме искрени, е важен критериум при изборот на партнер (секако во комбинација со личноста и со интелигенцијата). Кога велиме прекрасна жена, мислиме на комбинација од три критериуми што една женска личност ги поседува. Но, сепак, таа е изневерена. Зошто е така? Нели треба да си убав? Нели треба да си паметен? Нели треба да си добра личност? Одговорот е едноставен и комплициран истовремено.Едноставниот одговор е дека тој маж е несигурен во себе, имал само среќа што му се погодила прекрасна жена, тој би изневерувал секаква жена, независно од нејзината убавина, личност, интелигенција. Мажите што имале неверојатно потчинета мајка (или мајчинска фигура) без сопствено јас, без никаква независност, на рамниште на слугинка и безгласна буква – не научуваат ништо за жените – освен дека треба да им слугуваат. Жените во светот на едно мало дете се доживуваат на ниво на објекти (роботи) апарати што немаат мислење, не можеш да се потпреш на нив како на човечко суштество, немаат познавања за светот, немаат сопствени интереси, туку, едноставно, се машини што дишат. Ваква средина многу ретко продуцира самосвесен маж што има длабок респект кон жената како битие. Не затоа што е неинтелигентно ваквото дете, туку затоа што обично децата речиси две децении од почетокот на својот живот, во клучниот развоен процес, имаат примарен модел – а тоа се родителите. Баш овие мажи, можеби и почесто од останатите, може да се воочат како не почитуваат што покрај себе имаат прекрасна жена. Сосема им е сеедно, бидејќи жената за нив воопшто и не постои суштински, таа е некоја автоматизирана фигура, реагира вака или онака, на ова или она што тие ќе го направат (како да притискаат копче). Ова се честопати и мажи што сексуално (несвесно) ги искористуваат жените, за сопствено задоволство, во смисла на тоа дека немаат вистински романтичен интерес со партнерката, не се интересираат за нејзиниот љубовен свет, не се интересираат што ја прави среќна, сексот е уште една „опција“ на роботот, уште едно копче што го поседува автоматизираниот објект. – Мажите, пак, што имале многу доминантна мајка, (што не била вљубена во нивниот татко или татковска фигура) биле сведоци на многу непријатни сцени (каде што, можеби, сведочеле на понижувања и на навреди) при што татковската фигура немала емотивна, финансиска независност, била лабилна личност, неспособна да се избори со животните предизвици. Ова остава длабок анимозитет кај детето кон жените воопшто (бидејќи детската психа се идентификува со истополовиот родител многу често, тоа е несвесно) и се јавува длабока недоверба (што честопати е генерализирана) насочена кон сите жени. За овие мажи (за разлика од горенаведените) можеби и постои спас, посетувајќи терапија или темелни разговори со својата партнерка на тема доверба и љубов. На овој маж, за да може да има вистинска перспектива, неопходен му е сериозен период каде што воопшто нема да биде „во друштво“ на својата мајка (или мајчинска фигура) и ќе има можност да види како функционираат другите жени, мајки итн. ...
Zoom најактуелна платформа во 2020
јануари 20, 2021
Избор на уредникот / Технологија
Многу компании се соочија со големи проблеми во пандемиската 2020 година, многу мораа да затворат еден дел или пак комплетно пропаднаа. Истовремено, некои компании постигнаа неверојатен успех за време на кризата, пред се поврзани со технолошки решенија, од чии услуги станавме уште позависни. Според статистичките податоци, само во периодот од јануари до април 2020 година, на Zoom, платформата која во годината на Ковид стана екстремно популарна, имало две илјади милијарди минути видео повици. За време на пандемијата Zoom направи огромен скок во бројот на корисници, од 10 милиони дневни корисници во декември 2019 година на 300 милиони во април 2020 година. Благодарение на Zoom, бизнис состаноците, конференциите, семинарите, разните видови обуки и настави, продолжија и за време на пандемијата. Според неодамна објавена статија на оваа тема во британскиот весник „Индипендент“, Zoom е најдобар бидејќи е најпристапен и истовремено е бесплатен. Апликацијата FaceTime на Apple, може да ја користат само сопствениците на скапите производи на Apple. Исто така, не бара корисникот да има сметка, како што е случај со апликацијата Google Meet. Ако направиме споредба со апликацијата „Skype“ на „Microsoft“, Zoom е полесен за употреба, особено за оние кои не се многу вешти со компјутерите. Сите овие фактори го направија Zoom многу популарен, па стана мета на хакери, кои лесно следеа состаноци, па дури и ги вознемируваа учесниците. Британската агенција за борба против криминалот и Американското федерално биро за истраги издадоа предупредувања и совети за безбедни видео повици, а Zoom воведе дополнителни мерки за заштита.Работата од дома за време на пандемија натера многу компании да користат апликации како Zoom. Трендот сигурно ќе продолжи и во 2021 година, но веројатно и во годините потоа. Најверојатно популарноста на овој софтвер за видео повици ќе намали кога пандемијата ќе заврши, имајќи предвид дека вредноста на нејзините акции се намали кога беше објавено дека е направена вакцина за Корона вирусот. Сепак, Zoom е сè уште најактуелна платформа од ваков вид и се чини дека уште долго ќе остане на врвот и покрај многуте слични конкурентни платформи. Компанијата сака да ја искористи оваа неочекувана и голема популарност. Плановите на Zoom вклучуваат услуги и апликации за електронска пошта и календар. Со развојот на новите производи, Zoom ќе направи затворен систем на апликации за првенствено деловни корисници, со што влегува на територијата на технолошките гиганти како што се Microsoft и Google, кои исто така нудат апликации и услуги за видео повици, календар и електронска пошта. Една од последиците на Корона вирусот ќе биде преминот на многу компании кон работа од дома или некој хибриден модел, според кој дел од работното време ќе помине во канцеларија, а дел од дома. Според тоа, а имајќи ја предвид потребата за вакви платформи и во другите области, јасно е дека користењето на апликациите како Zoom сè уште ќе биде голема....
Кој ги измислил киселите краставички?
јануари 20, 2021
Избор на уредникот / Храна
Киселите краставички биле измислени во Месопотамија, кога жителите од северна Индија донеле семе од краставица во долината на реката Тигар, а како рецепт се стари повеќе од 4000 години. Месопотамците започнале да ги натопуваат краставичките во кисела саламура, како начин да ги зачуваат. Оттогаш, тие имаат главна улога во културите низ целиот свет, познати по својот интензивен вкус, здравствени придобивки и додаток речиси за секоја пригода. Се шпекулира дека тие биле една од тајните на бесмртната убавина на Клеопатра, таа верувала дека краставичките придонесуваат за нејзиното здравје. Во меѓувреме, Јулиј Цезар и другите римски императори им давале кисели краставички на своите трупи да јадат, верувајќи дека ќе ги направат јаки. Конзервирањето како начин да се зачува храната за употреба, па и надвор од сезоната, како и за долги патувања, било популарно во минатото, особено за морепловците. Иако процесот е измислен за да се зачува храната, киселите краставички се прават и јадат затоа што луѓето, како во минатото, така и денес, уживаат во неверојатниот вкус. Закиселувањето може да ја подобри хранливата вредност на храната со воведување на витамини од групата Б, што произлегуваат од корисните бактерии. Киселите краставички се споменуваат дури и во Библијата, им биле познати на Египќаните, а Аристотел ги пофалил лековитите својатва на киселите краставички. Римјаните увезувале секаква храна од земјите што ги освоиле, ги маринирале во оцет, масло, саламура и понекогаш мед.Меѓу познатите љубители на кисели краставички од историјата се: Јулиј Цезар и Тивериј, кралицата Елизабета Прва од Англија, Америго Веспучи, Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон и Наполеон Бонапарта, и многу други....
Дали навистина знаеме да слушаме?
јануари 18, 2021
Актуелно / Живот / Избор на уредникот
Слушањето е една од најважните вештини што можете да ги имате. Колку добро слушате има големо влијание врз ефективноста на вашата работа и врз квалитетот на вашите односи со другите луѓе околу вас. На пример: Слушаме за да добиеме информации. Слушаме да разбереме. Слушаме за уживање. Слушаме да учиме. Со оглед на целото слушање што го правиме, вие би помислиле дека би биле добри во тоа! Луѓето обично сметаат дека комплетно слушаат и разбираат што им кажуваат останатите. Огромен процент на луѓе дури веруваат дека се одлични слушатели. Всушност, повеќето од нас не се, а истражувањата сугерираат дека се сеќаваме само помеѓу 25 и 50 проценти од она што го слушаме, како што е опишано од „Конусот на искуство“ на Едгар Дејл. Тоа значи дека кога разговарате со вашиот шеф, колеги, клиенти или интимен партнер околу 10 минути, тие (а и вие) обрнуваат внимание на помалку од половина од разговорот.Значи, и вам кога ви се даваат информации или насоки, пораката стигнува до вас само 50 проценти, остатокот се губи. Јасно е дека слушањето е вештина од која сите можеме да имаме корист, доколку ја подобриме. Станувајќи подобар слушател, можете да ја подобрите вашата продуктивност, како и способноста да влијаете, убедувате и да преговарате. Уште повеќе, ќе избегнете конфликти и недоразбирања. А се ова е неопходно за подобрување на резултатите на секој човек, како на работното место, така и во комуникација со блиските и пријателите. Начинот да ги подобрите вашите вештини за слушање е да вежбате „активно слушање“. На тој начин се вложува свесен напор да ги слушнете не само зборовите што друго лице ви ги кажува, туку што е уште поважно, целосната порака што се соопштува. За да го направите ова, мора многу внимателно да обрнете внимание на другата личност.Не можете да дозволите да бидете расеани, да размислувате за нештата што се случуваат од околу вас, или да размислувате како да дебатирате или формирате контрааргументи, додека другата личност сè уште зборува. Ниту, пак, можете да си дозволите да се досадувате и да изгубите фокус на она што го зборува другата личност.За да ги подобрите вашите вештини за слушање, треба да и дадете до знаење на другата личност дека слушате што зборува таа.За да ја разберете важноста на ова, запрашајте се дали некогаш сте биле вклучени во разговор кога сте се запрашале дали другата личност слуша што зборувате. Се прашувате дали вашата порака се шири, или дали е дури и вредно да продолжите да зборувате. Се чувствува како да зборувате со ѕид од тули, тоа е нешто што секој човек сака да го избегне. Потребна е голема концентрација и одлучност да се биде активен слушател. Старите навики тешко се напуштаат, и ако вашите вештини за слушање се лоши како што се многу луѓе, тогаш ќе треба да работите многу за да ги напуштите овие лоши навики. Постојат пет клучни техники што човек може да ги користи, за да ги развие активните вештини за слушање: 1. Внимавање на она што го кажува говорникот.2. Покажување дека слушате.3. Обезбедување повратна информација.4. Одложување пресуда.5. Соодветно одговарање на конкретно поставените прашања. Одговори соодветн Со користење активни техники за слушање се станува подобар комуникатор, само на тој начин се подобрува продуктивноста на работното место и се развиваат подобри меѓучовечки односи....
Храна што не може да ве здебели
јануари 15, 2021
Здравје / Храна
Секоја храна има посебен ефект на нашата ситост и создавањето несакани масни наслаги. Сепак постои храна што не заситува многу повеќе, а истовремено не прави да се зголемуваат килограмите. Индексот на ситост как храната упатува способноста на храната да направи да се чувствувате сити, да го намалите гладот и да го намалите внесот на калории во текот на денот. Некои намирници едноставно се подобри во задоволување на гладот и спречување на прејадување од некои други. Храната што заситува може да се јаде во поголеми количества, при што нема негативен ефект при зголемување на тежината. Варен компир Честопати луѓето што внимаваат на внесот на јаглехидрати го избегнуваат компирот воопшто заради високата содржина на јаглехидрати. Но, доколку не следите ваква исхрана, компирот (варен) е одличен за здравјето, преполн со витамини, влакна и други важни хранливи материи. Тие исто така содржат одреден вид скроб наречен отпорен скроб. Отпорниот скроб содржи половина калории од обичен скроб (2 наместо 4 калории на грам). Во дигестивен систем на човекот тој се однесува исто кај и растворливите влакна, помагајќи човекот да се чувствува сит. Бидејќи додавањето отпорен скроб во оброците помага да се задоволи гладот, тоа предизвикува луѓето да внесуваат помалку калории. Јајца Јајцата се уште една храна што била неправедно демонизирана во минатото. Вистината е, јајцата се неверојатно здрави и содржат многу важни хранливи материи. Повеќето хранливи материи, вклучувајќи околу половина од протеините на јајцето, се наоѓаат во жолчката. Јајцата се целосен протеин, што значи дека ги содржат сите девет есенцијални аминокиселини.Покрај тоа, тие предизвикуваат ситост.Неколку студии откриле дека луѓето што јаделе јајца за појадок, се чувствувале посити и конзумирале помалку калории во текот на денот отколку оние што појадувале ѓеврек. Овесна каша Овесната каша е топло жито, што често се конзумира за појадок. Неверојатно исполнува и е на трето место на индексот на ситост. Ова главно се должи на високата содржина на влакна во кашата, како и можноста да впие вода. Бистри супи За телностите често се смета дека значително помалку заситуваат од цврстата храна. Сепак, истражувањата покажуваат дека супите може да не заситат многу повеќе од солидните оброци со исти состојки. Кога се јаде супа на почетокот на оброкот луѓето конзумират за 20% помалку калории на тој оброк. Мешунки Мешунките, како грав, грашок и леќа, се добро познати по тоа што се добри извори на растителни влакна и протеини. Ова, во комбинација со релативно мала енергетска густина, ги прави полна храна што може дури и да служи за губење на тежината. Некои истражувања укажуваат на тоа дека гравот, грашокот, леблебијата и леќата за 31% може повеќе да го заситат човекот во однос на тестенините и лебот. Јаболка Овошјето е важен дел од здравата исхрана. Јадењето овошје е поврзано со помал внес на калории и може да придонесе за губење на тежината со текот на времето. Баш јаболката има многу високи оценки на индексот на ситост бидејќи содржи пектин, растворливи влакна, што природно го забавуваат варењето, а истовремено помагаат да се постигне чувство на ситост. Тие, исто така, содржат над 85% вода, што обезбедува волумен и ја подобрува ситоста без додавање калории. Важно е да се напомене дека целото, цврсто овошје ја зголемува ситоста, многу повеќе од овошјето, сокот или овошното пире. Цитрусни овошја Слично на јаболката, агрумите се богати со пектин, што може да го забави варењето и да ја зголеми ситоста. Тие исто така имаат висока содржина на вода. И портокалите и цитронот содржат над 87% вода, што значи дека тие можат да ве најадат, при што ќе се внесат многу малку калории. Честопати се сугерира дека јадењето цитрон е добро за губење на тежината. Во една студија, дебелите учесници што јаделе цитроно, изгубиле значително повеќе тежина отколку оние на кои им бил даден плацебо....
Скен на мозокот покажал дека дел од нас останува “ЈАС” до крајот на животот.
јануари 14, 2021
Актуелно / Живот
Во самата срж на нашиот идентитет, јадрото на самосвест ги комбинира спомените од минатото со минливите сензации на сегашноста и додава допир на исчекување на иднината. Прашањето дали ова постојано чувство за „ЈАС“ е толку силно, колку што се чувствува, ги интригирало филозофите и психолозите низ многу векови. Во една нова,мала, психобиолошка студија, каде што се набљудувал скен гледа на мозокот се донело заклучок, дека барем некој дел од нас е навистина конзистентен додека растеме и старееме. “Во ова истражување, постои обид да се одговори на прашањето дали сме иста личност во текот на нашиот живот“, вели Мигел Рубианес, невролог од Универзитетот Комплутенсе во Мадрид. “Во врска со претходната литература, нашите резултати покажуваат дека постои компонента што останува стабилна, додека друг дел е подложен на промена со текот на времето.” Сaмоконтинуитетот ја формира самата основа на идентитетот. Секојпат кога ќе го употребите зборот „Јас“, се повикувате на нишка што спојува серија искуства во таписеријата на целиот ваш живот, што претставува врска помеѓу јас на вашата младост и онаа што допрва ќе се појави. Сепак, идентитетот е повеќе од збирот на неговите делови. Размислете за алегоријата на бродот на Тезеј, или парадоксот на секирата на дедото – алатка на која и било заменето вратилото, како и главата, но сепак е некако останала да биде истата секира што му припаѓала на дедото. Ако нашите искуства нè променат, менувајќи ги компонентите на нашиот идентитет со секое кршење на срцето и секое унапредување, секоја болест и секое невреме, дали навистина можеме да кажеме дека денес се гледаме како истата личност, како и кога сме биле на четиригодишна возраст? Иако ова звучи повеќе како филозофско гледање на на нешто, што сепак, можеби може да го реши науката. Рубианес и неговиот тим се фокусираа првенствено на претходни истражувања во неврологијата што се занимава со препознавање лица, а тие сугерираат дека визуелното самопрепознавање функционира како индикатор за создавање врска со нечиј впечаток за себе. Утврдувањето на вклучените видови невролошки активности може да му каже на човекот (кога гледа на пример фотографија од себеси) дали едноставно сме поттикнати од препознавање на сопственото лице, како средба со стар пријател или во тој момент, ние навистина остваруваме вистинска врска со ЈАС што е претставено на фотографијата, и во минатото и во сегашноста. За да го одработи ова, тимот спроведе задача за препознавање на сопственото лоце, во кое учествувала група од 20 студенти. На секој студент им биле презентирани 27 слики, вклучително и слики од сопственото лице, лицето на близок пријател и непознатото лице, сите во различни животни фази. Секоја слика се појавувала на екранот по една секунда, за време на која учесникот треба да притисне копче, за да идентификува кого гледа: себе, пријател или странец. Вториот експеримент бил да се идентификува животната фаза на лицето: дали се работи за детство, адолесценција или зрелост. Во меѓувреме, десетици електроди работат со избирање на мешавина од мозочни бранови што зуела од нивната сива материја, научниците создале мапа на активност. Таа мапа и времето на одговорите на учесниците, силно сугерираат дека нашиот впечаток за себе – тоа чувство на „јас“ – се ажурира во текот на целиот наш живот, давајќи му стабилност. Ние навистина го обработуваме тој портрет, несвесно ги обработуваме празнините од четврто одделение, така што фомираме позна слика на дете што ги споделува нашите спомени. Студијата откри и интересни сличности во тоа како ги обработуваме впечатоците од нашето минато ЈАС и од нашиот близок пријател, навестувајќи комплексност во тоа како времето може да ги обликува впечатоците и нашиот идентитет. Се разбира, важно е да се напомене дека оваа студија е спроведена на мал примерок (мала група на луѓе) и е далеку од последниот збор на темата. Но, откривањето дека има цврста невролошка основа за нашето чувство за себе, кое е прилагодено од времето и искуството, уредно ги рефлектира другите студии што сугерираат дека има и културни влијанија врз тоа како го перцепираме идентитетот. Значајно е што невролошките описи на специфичните мозочни битови одговорни за сортирање и прецизно одвојување на себеси од странец, може да ни помогнат подобро да разбереме зошто некои луѓе не го делат овој впечаток. Нарушувањата во таа нишка на препознавање често дефинираат услови на посериозни заболувања. „Ова ја демонстрира важноста на основните и клиничките истражувања подеднакво во студијата за улогата на личниот идентитет, бидејќи ова ветува дека ќе биде многу поважен концепт, отколку што се сметаше претходно и може да игра основна улога во процесите на психолошка проценка и интервенција“, вели Рубианес. Ако некои денови се почувствувате дека не сте сигурни во тоа кои сте – бидете сигурни, бидејќи има голема шанса, длабоко во вашиот мозок, секогаш да бидете таму...
Црвено вино за добар сон
јануари 13, 2021
Здравје / Храна
Алкохолот, генерално е лош за здравјето на човекот. Општо, го нарушува метаболизмот, а долгорочно го зголемува ризикот од развој на долг список на здравствени состојби, вклучително карциноми, срцеви заболувања, мозочни удари и цироза на црниот дроб. Истражувањата покажуваат дека високиот внес на алкохол може да го оштети и нашето ментално здравје, да ги наруши мемориските вештини и да ја намали плодноста. Сепак, умерено конзумирање на одредени алкохолни пијалоци, како што е црвеното вино може да биде од исклучителна полза, во одредени моменти во животот. Во телото на човекот, нивото на мелатонин достигнува врв навечер и се намалува околу зората. Со дополнителна чаша вино навечер, го подобруваме овој “пик” на мелатонинот во нашето тело, а со тоа му овозможуваме на телото долга, мирна ноќ. Зошто црвени вина? Меѓу сите алкохолни пијалоци, црвените вина имаат најголема концентрација на мелатонин. Е сега, пред да го гушнеге шишето “Мерлот” пред спиење прво внимателно читајте за конзумирање на алкохол. Чаша црвено вино помага за добар сон. Една чаша – не десет. Она што е добро за човечкиот организам, кога се работи за било што е умерено конзумирање.Заклучокот е донесен кога во едно истражување биле вклучени 224 испитаници што не биле алкохоличари. Биле поделени во 3 групи. Првата група пиела една чаша минерална вода навечер, втората група бело вино, а третата цевено вино. Истовремено сите следеле медитерански режим на исхрана.Ова го правеле две години, пополнувајќи прашалници постојано, како и тестови каде им ја проверувале крвната слика за да се направи контрола на шеќерот, липидите и функцијата на црниот дроб. На крајот, било заклучено дека оние кои пиеле или црвено или бело вино уживале во подобар сон отколку оние што избрале вода. Но, само оние кои пиеле црвено вино имале зголемено ниво на добар холестерол, како и значителен пад на елементите на метаболичкиот синдром, како што се висок крвен притисок и шеќер во крвта, вишок телесни маснотии околу половината, и висок холестерол. За што точно се работи тука? Делумно, работата е во тоа што црвеното вино е богато со антиоксиданти како ресвератрол, што оние во групата црвено вино имале дури 13 пати поголеми нивоа од другите учесници. Исто така, фактот е дека виното се конзумира со оброк, што помага да се избегне скокот на шеќерот во крвта после јадење, што пак го намалува воспалението – основна причина за сè, од дијабетес до деменција. Пиењето вино со храна му помага на човечкото тело подобро да ги апсорбира тие шеќери, за да не се исфрлаат веднаш од крвотокот. Се разбира, сите овие придобивки дополнително се зголемуваат со исправна исхрана, јадења како риба и зеленчук и прескокнување на масни или шеќерни десерти. Но, сето тоа вреди ако човек може да наздрави со чаша вино, а тоа да го подобри квалитетот на животот. ...
Зошто музиката предизвикува морници?
јануари 12, 2021
Арт / Музика
Морници или “трпки” доживуваат речиси сите луѓе слушајќи ја својата омилена музика. Зошто се случува тоа?Слушајќи музика на слушалки, во едно истражување што било спроведено токму на оваа тема, учесниците доживеале “трпки” во просек 16,9 пати и траеле 8,75 секунди. Музиката може да стимулира најразновиден спектар на емоции и чувства, до степен до кој може да предизвика дури и морници. Во една од студиите објавени во научното списание Frontiers In Neuroscience: Auditory Cognitive Neuroscience се смета дека најверојатно одговорот зошто е тоа така, е најден. Набудувајќи го мозокот на 18 учесници, истражувачите заклучиле дека специјалните мозочни бранови го засилуваат нивниот интензитет кога се појавуваат морници, а тоа е поврзано со нешто емотивно што музиката го предизвикува кај учесниците. Сепак, музиката е дефинитивно нешто емотивно! Слушајќи преку слушалки, по пет песни, што учесниците ги издвоиле однапред, и знаеле дека ќе им предзивикаат морници, како и три случајни избрани од истражувачите, учесниците доживеале “трпки” во просек 16,9 пати и траеле по 8,75 секунди. “Во музиката, интересно е, дека ни се чини дека нема никаква биолошка вредност или вредност за опстанок на човекот. Треба да откриеме зошто музиката успева да даде чувство на награда и удобност и да ги охрабри деловите на телото, што долго време се одговорни за мотивација и преживување“, рече Тибо Чабин во интервју за „Инверс“....
Minеcraft омилена видео игра
јануари 11, 2021
Избор на уредникот / Технологија
Најпродаваната видео игра за минатата година е Minecraft, според гејминг листите за 2020 година.Истовремено, Minecraft е на врвот на листата на YouTube, на најгледани игри за 2020 годин Видеo играта на Мајкрософт има 201 милијарди прегледи оваа година, а Роблокс беше втор со 75 милијарди прегледи. Оваа неверојатно популарна игра има по 126 милиони играчи месечно. И покрај тоа што постои веќе 11 години, Minecraft е неприкосновено на врвот. Создадена од Mojang Studios што ги купи Мајкрософт, пред речиси шест години за 2,5 милијарди долари, а во тоа време, играта веќе беше продадена во повеќе од 50 милиони копии за компјутер, Xbox 360, PS3 и други платформи. Се смета дека ова е една од попаметните инвестиции на Мајкрософт, а неверојатниот раст на продажбата, од тој момент, па до денес, ги задржува играчите да се навраќаат на оваа игра, веќе со години. Minecraft е започната како домашен проект, дистрибуиран првично како Java аплет на веб-форум. Играта брзо ја долови фантазијата на илјадници гејмери што го обожаваат концептот на оваа инди-игра, која им дозволува на играчите да формираат средина со изработка и градење на конструкции од блокови. Играта создаде огромна заедница, истовремено и активно советување на YouTube за тоа како да се игра Minecraft. На овие видеа, редовно се споделуваат разновидни совети помеѓу милиони гледачи од сите делови на светот....
5 планети слични на Земјата
јануари 10, 2021
Актуелно / Технологија
Можеби сте се запрашале доколку Земјата биде уништена, која е опцијата за човештвото? Дали постојат планети што би можеле да ни овозможат живот, барем сличен на оној што го имаме на нашата планета.Ова се неколку планети што може да понудат слични услови како и Земјата. 1. Кеплер 483БОваа планета е откриена во 2015 година. Лоцирана е на 470 светлосни години од Земјата. Оваа планета има индекс многу сличен на Земјата. ЕСИ=88% (сличност со Земјата). Оваа планета е поголема од Земјата за 12% и добива 40% повеќе светлина од Земјата. И недостигаат некои основни параметри, односно нема соодветна атмосфера а ѕвездата од којашто добива светлина е десет пати помоќна од нашето Сонце. 2. Кеплер 452БОваа планета е откриена во јули 2015, наречена е Супер Земја. Нејзината маса е 5 пати поголема од Земјата. Го завршува орбитирањето за 385 дена, многу слично на Земјата, за помалку од еден месец повеќе. Но, ззаради дуплата големина има и дупло поголема гравитација, што би го отежнало живеењето на човекот таму. Добива поголема сончева енергија и е значително потопла планета. За жал, оваа планета е одалечена 45000 светлосни години од Земјата. 3. Проксима БПроксима Б не е толку далеку, само 4,2 светлосни години одалечена од Земјата. Откриена е во август 2016 година. Кружи околу ѕвездата наречена Проксима Кенатур (најблиската ѕвезда до Сонцето). Оваа планета има вода. Поголема е за 30 проценти од Земјата. А една година на оваа планета е само 11 денови. 4. Кеплер 186Ф Откриена во април 2014 година, оваа карпеста планета е само за 10 проценти поголема од Земјата и има речиси ист радиус, но одалечена е 500 светлосни години. Една година на оваа планета трае 130 денови. Има 33% сончева светлина во споредба со Земјата. Најсветлиот ден е еднаков на приквечерина на Земјата. 5. Кеплер 62Ф И за оваа планета научниците се согласуваат дека е Супер Земја. Откриена е во април 2013 година. Оваа карпеста планета има воден свет исто како и Земјата. Се смета дека има огромен океан, и многу мраз. На оваа планета е возможно да има вонземски живот. Една година трае 267 денови, за жал дел од планетата добива сончева светлина, додека другата половина е потполно во мрак. Тоа значи дека луѓето би можеле да егзистираат само на граничните делови, каде што би имало и светлина и темнина....
Кејт Хадсон е актерка што знае да го живее животот
јануари 9, 2021
Актуелно / Филм
Кејт Хадсон буквално порасна пред очите на јавноста. Ќерка на познатата актерка Голди Хоун, но тука не завршува нејзината приказна.Кејт ја започна својата кариера како актерка на 18-годишна возраст со филмот “Пустинско сино” во 1998 година. Оттогаш таа е постојано во фокусот на јавноста. Нејзината кариера е веќе две децении неуморно снимање филмови и постојано присуство во јавниот живот.Но, она што ја прави поинаква оваа актерка е нејзиниот беспрекорен баланс кога станува збор за приватниот живот и кариерата. Таа е една од ретките јавни личности што живее исклучително среќно и исполнето во речиси секоја животна ситуација. Таа, како и други деца на славни родители има турбулентно детство, од разводот на нејзините родители Голди и Бил, па се до долгогодишната некомуникација со нејзиниот биолошки татко. Зад себе има 2 развода и три деца, но нејзиниот ентузијазам и феноменална енергија се бесценето богатство со кое малкумина во јавната сфера можат да се пофалат. Неколку интересни факти за Кејт: Таа пораснала со нејзината мајка Голди Хоун и очувот Курт Расел. “Иако не ми е биолошки татко, Курт за мене е единствен татко што некогаш сум го имала. Тој е посветен и стабилен и токму тој е заслужен за моето среќно детство”- вели Кејт во шоуто на Хауард Стерн За двата разводи и новото партнерсто со Дени Фуџикава, Кејт проговоре во шоуто на Лора Васер “Разводот е за никаде!” (Divorce sucks) “Мислам најважното нешто што го научив од мајка ми е дека без оглед на тоа што чувствуваш, кога ќе ги видам моите пријатели како зборуваат лоши работи за нивните поранешни сопружници пред своите деца, јас се вознемирувам бидејќи тие не препознаваат колку тоа влијае лошо врз нивното дете и колку може да го направат огорчено сопственото дете ” – вели Кејт. “Без оглед на сè, додека растев, никогаш не слушнав лош збор за татко ми од мајка ми”. Првото дете го добив многу рано, и буквално јас и Риси Витерспун бевме како некои тинејџерки што добиле деца, иако имавме 24 години.” Нејзиниот постар син сега има 17 години и таа честопати вели дека никогаш не била возрасна без дете, никогаш не би сакала ни да биде. Во 2011 година го добива вториот син, од вториот брак со фронтменот на бендот “Мјуз” Мет Белами. По разводот со Белами, Кејт подолго време беше сингл и проговоре и на оваа тема во “Ред”: “Не сакам да зборувам за мојот љубовен живот бидејќи медиумите не пропуштаат да ги набљудуваат сите сингл жени во јавноста. Буквално, не можете да имате најобичен разговор со маж, а притоа да не ве поврзат љубовно со било кој.”- рече Кејт. Во декември 2016 година, Кејт тивко започна да се забавува со музичарот Дени Фуџикава. Двајцата брзо влегоа во „навистина неверојатна, мирна врска“, изјави таа за Е! Вести, додавајќи: „Ме прави неверојатно среќна“. Во октомври 2018 година, парот го дочека своето прво (заедничко) дете, првата ќерка на Хадсон што ја крстија Рани Роуз во чест на дедото на Дени. Денес таа е извонредно среќна, со Дени, двата сина и ќерката Рани и продолжува со нејзините проекти на филмското платно, здравата храна и вежбање (за што издаде и две книги), линијата за спортска облека и јавните настапи на многу шоуа. Не ги заборава ниту своите фанови, па на Инстаграм честопати споделува делови од нејзиниот приватен живот со семејството....
Зошто кето диета?
јануари 7, 2021
Актуелно / Храна
Кетогената диета може да помогне при губење на тежината на неколку начини, вклучително и зајакнување на метаболизмот и намалување на апетитот. Кето диетите се состојат од храна што прави човекот да се чувствува најаден и може да ги намали хормоните кои стимулираат глад. Од овие причини, следењето кето диета може да го намали апетитот, а со самото тоа да помогне при губење на килограмите. Кето диетата е всушност план за јадење, начин на исхрана што се фокусира на храна што обезбедува многу здрави масти, соодветни количини на протеини и многу малку јаглени хидрати. Целта е да добиете повеќе калории од маснотии отколку од јаглехидрати.Како функционира кето диетата?Диетата функционира на тој начин што се осиромашуваат резервите на шеќер во организмот. Како резултат на тоа, се разградуваат маснотиите, па така организмот добива енергија. Ова резултира во производство на молекули наречени кетони, кои телото ги користи за гориво. Кога телото согорува масти, тоа исто така може да доведе до губење на тежината. Кето диетата не е само добра за губење на тежина, тоа е одличен начин и да се ослободите од акни. Акните имаат неколку различни причини и обично се поврзани со високо ниво на шеќер во крвта кај некои луѓе. Јадењето храна богата со преработени и рафинирани јаглехидрати може да го смени балансот на цревните бактерии и да предизвика значително покачување и пад на шеќерот во крвта, а тоа може негативно да влијае на здравјето на кожата. Исто така, со намалување на внесот на јаглехидрати, кетогената диета може да ги намали симптомите на појава на акни кај некои луѓе. Одредени истражувања упатуваат дека кето диетата има ефект во намалување на ризикот од појава на некои видови на рак. Студиите сугерираат дека кетогената диета го намалува шеќерот во крвта, а тоа директно влојае на намалување на ризикот од компликации со инсулин. Инсулинот е хормон што го контролира шеќерот во крвта. Го подобрува здравјето на срцето. Кога некој ќе се одлучи да следи кето диета, важно е да избере здрава храна. Јадењето здрави масти, како што се авокадото наместо помалку здрави масти, како што се свинските маснотии, тоа може да помогне во подобрување на здравјето на срцето и да се намали холестеролот....
Повеќето луѓе не се психопати, напротив, сакаат да излезат од вителот, но и да не ги повредат останатите.
јануари 6, 2021
Актуелно / Избор на уредникот / Интервју / Филм
Повеќето луѓе не се психопати, напротив, сакаат да излезат од вителот, но и да не ги повредат останатите. Иако поминаа неколку години, македонската публика, со радост го очекува да го гледа и на телевизиските програми. Последен пат се прикажуваше за оваа Нова година, а вљубениците во филмот не ја пропуштија шансата пак да го впијат ова филмско дело. За филмот “Исцелител” не зборуваа само македонските медиуми и не остана само во срцето на македонската публика. За филмот, објавија рецензии и светските филмски медиуми, како „Холивуд репортер“, „Варајети“, „Синеуропа“ и други.Најголемиот шарм на филмот “Исцелител” се непретенциозноста и искреноста, филм што балансира меѓу семејна драма, црна комедија и социјален коментар. Публиката вистински го сака, го дочека со овации и воодушевување на премиерата на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, а не беше помалку прифатен и на Солунскиот филмски фестивал, каде што ја доби наградата Фишер од публиката, прва награда од ваков тип, за македонски филм.Мотивацијата за да го сними овој филм е страшната состојба на македонскиот здравствен систем, премрежјата на еден млад човек што се обидува да го спаси својот родител од рак, барајќи алтернативни методи на лекување со канабис, при што влегува во низа неволји со локалните дилери и соседите што започнуваат да го сметаат за “исцелител”. Со Ѓорче зборувавме за создавањето на филмот. За неговите премрежја, како режисер, сценарист и продуцент, да го донесе ова филмско дело пред македонската публика. Што е она што “Исцелител” го направи толку посебен за македонската публика па посетеноста беше во толку голем број? Не сум сигурен дали беше една работа. Веројатно спој на повеќе. Прво филмот зборува за обичниот човек кој се мачи со проблеми како распаднатото здравство, корупцијата и криминалот, почувствувани од повеќето луѓе кои живеат на овие диви простори. Дополнително, главниот јунак се обидува да излезе од тој негов лавиринт на еден мирољубив начин, без да повреди никого, што исто резонира со гледачите. Иако се растргнати со проблемите што ги имаат, а насилството понекогаш изгледа како ефикасен начин на решавање на проблемите, повеќето луѓе не се психопати, напротив, сакаат да излезат од вителот, но и да не ги повредат останатите. И на крај, за гледаноста дополнително беше клучна семејната приказна. Кој човек нема нешто да раскаже за своето семејство? Што ти падна најтешко во врска со создавањето на филмот? Изгледаше како да нема крај. Во стил на познатиот парадокс на Зенон, се чувствував како филмот да тргнал неколку стотина метри пред мене, а јас иако сум побрз, во моментот кога ќе стигнам до точката каде што тој се наоѓаше претходно, сфаќам дека тој поминал некакво мало растојание и сега не ми е на дофат. Потоа повторно ќе дадам сè од себе и навидум брзо ќе ја надоместам неговата предност, меѓутоа кога ќе стигнам таму каде беше пред малку, гледам дека сепак филмот се поместил уште една педа и така до недоглед. Како режисер и продуцент на филмот, најголемиот товар, финансиски и креативен падна на мојот грб. Јас бев гарантот на филмот, осигурителната полиса и не можев во ниеден миг да исчезнам од неговиот живот. Тоа ме истроши. Што ти беше најубавиот момент во врска со филмот? Моментот кога заврши снимањето на филмот за мене беше најубавиот момент од целиот процес. Многу се плашев од снимањето. Години пред да ја удриме првата клапа, ми го земаше сонот. Тоа е толку деликатен и комплициран потфат и многу нешта може да скршнат во погрешна насока. Прво, многу е скапо и тешко да се придвижи целата машинерија наречена снимање на игран филм. И кога ќе тргне, за жал, колку и да се добри подготовките, не зависи сè од тебе. Може да не се погодат временските прилики, може да се случат технички проблеми, здравствени, секакви. За среќа сè помина во најдобар можен ред и јас бев пресреќен. На што се должат многубројните награди во светот? Постои ли формула за да се создаде успешно филмско дело? Не мислам дека има формула. Често го гледаме тоа во Холивуд. И покрај нивниот шаблонски начин на раскажување кој би требало да предвиди успех, често се случува некој филм неочекувано да блесне иако никој не му давал сериозни шанси на почетокот. И обратно, постојат бројни филмови кои на хартија ветуваат успех заради нивниот избор на актери, големиот буџет и поддршката од големите дистрибуциски студија, а сепак филмот доживува неуспех на крај. Што те инспирираше да го снимиш филмот? Сметаш ли дека филмот има социјален импакт кога станува збор за лекувањето со канабис, во смисла менување на свеста кај јавноста во однос на растението? Инспирација ми беше животот кој го гледав околу мене. На пример се мачев со сериозни стомачни проблеми со месеци и движејќи се низ институциите јасно го видов распадот на македонското здравство. И тоа ме заболе. Носам и семејни лузни, израснат со самохрана мајка која се бореше со сиромаштијата, неправдите и патријархалното балканско размислување и тоа беше основата за семејната драма меѓу синот и таткото. Во однос на второто прашање, да бидам искрен не сум сигурен колку филмот ја смени перцепцијата за користењето на марихуаната. Знам неколку пријатели кои ми пренесоа дека филмот дефинитивно го сменил односот на нивните постари родители. Можеби поради хуморот и лесниот пристап, по гледањето на филмот тие веќе не гледаат осудувачки кон корисниците на марихуана. Еден другар дури ми спомна дека татко му се осмелил да проба џоинт на некоја домашна забава и убаво си поминал, се смеел и играл цела вечер. Дали успехот на “Исцелител” ти отвори врати за полесно остварување на идни проекти? Успехот има позитивни, но и негативни ефекти. Можам полесно да најдам пари, меѓутоа сум во зона на внимание. Очекувањата знаат да натежнат и да бидат дополнителен проблем. Со „Исцелител“ делував под радар да речам. Бев ослободен од големи очекувања. Сега очите се свртени кон мене и тоа ми пречи. Дали нешто му недостига на македонскиот филм? Би сакал да видам повеќе средства за развој на сценарија. Во оваа земја режисерите и сценаристите се принудени да работат друго за да преживеат. Веројатно како и повеќето. Меѓутоа има побарување за приказни. Сведоци сме на наплив млади режисери, кои имаат што да кажат, со свежи и храбри приказни кои освојуваат успеси на светските фестивали. Убаво би било да се искористи целиот тој успех и да се вложи таму кај што е најпотребно: во генерирање на идеи за филмови. Се надевам ќе се сменат работите и ќе се создаде издвоен буџет за развој на филмови. Ни спремаш ли нешто ново? Да. Еден долг филм, еден краток и многу фотографии. Очекувајте ме....
Комплексен роман за судбината на три генерации од едно семејство
јануари 4, 2021
Актуелно / Литература
„Смоква“ е досега најкомплексниот и најзрел роман на Војновиќ, значително поинтимен, фокусиран на судбината на три генерации од едно семејство, битно обележан со некогашната заедничка држава и со нејзиниот распад. Како и сите претходни романи, така и овој ги надминува границите на матичната словенечка книжевност, првенствено поради темите со кои се занимава, поради јазикот со кој се служи и поради сместеноста на фабулата, но и поради преокупацијата сопрашањето на идентитетот и на неговото создавање. „Смоква“ врие од силни, но прикриени емоции, а од сочниот и презреан медитерански плод, кој пука по шевовите, капе семејната сага во која се преплетуваат судбини, љубови, неостварени желби и суровите реалности од нашите животи. За овој роман авторот по трет пат ја доби наградата „Кресник“ во Словенија. Горан Војновиќ (1980, Љубљана) е словенечки режисер, писател и колумнист. Автор е на романите: Јужњаци, надвор! (2008), Југославија, моја дежела (2012), и Смоква(2016.) За секој од овие романи ја добива престижната „Кресникова награда“. Романот “Смоква” на Горан Војновиќ...
Што може да ви се случи ако долго сте сексуално неактивни
јануари 3, 2021
Љубов
Намалените активности во спалната соба, доколку сте сексуално активна возрасна личност, доаѓаат со контраиндикации.Сексот е добар за човечкиот организам, престанувањето со оваа активност може да има несакани ефекти за здравјето на човекот. Ако минувате низ долг период на сексуална неактивност постои можност да си накалемите низа здравствени проблеми. Најголемиот проблем е ризикот од срцеви заболувања. Во една студија за корелацијата на сексот и здравјето се открива дека сексот само два пати неделно ги намалува шансите на мажот за запушување на артериите во споредба со оние кои водат љубов помалку од еднаш месечно. Истовремено, сексот го намалува нивото на хомоцистеин кај мажите, штетна хемикалија што може да предизвика срцеви проблеми. Според ова, истражувачите заклучиле дека мажите кои редовно имаат секс, често имаат подобра циркулација и поздрави крвни садови. Изразено ниво на стрес Луѓето што престануваат со сексуална активност, по одредено време имаат загрижувачки количества кортизол во крвотокот. Кортизолот е хормон на стрес. Сексот ги зголемува нивоата на ендорфин и хормонот окситоцин произведени во мозокот. Студиите покажуваат дека окситоцинот може да ги неутрализира ефектите на хормонот кортизол. Го саботира развојот на мозокот. Сексуалната активност помага за подобра функција на мозокот во староста.Студиите на универзитетите во Оксфорд и Ковентри откриле дека луѓето кои во текот на својот живот имале редовни сексуални односи, постигнале повисоки резултати на тестовите за течен говор и способност визуелно да перципираат предмети. Друго истражување, пак, открило дека средновечните стаорци произведувале нови мозочни клетки по парењето. Намален имунитет Имунолошкиот систем на човечкото тело добива поттик од сексуалната активност.Студиите покажуваат дека организмот на луѓето што се сексуално активни произведува повеќе имуноглобулин А, антитела одговорни да се борат против разни болести.Според универзитетот Вилкс во Пенсилванија, оние луѓе што имаат секс два пати неделно, произведуваат 30 проценти повеќе од оние што се сексуално неактивни. Зошто порнографијата не може да помогне?Порнографијата само може да ја влоши ситуацијата. Кај мажите честопати се појавуваат проблеми со ерекцијата заради прекумерна стимулација и десензибилизација на половиот орган. Кај жените, исто така може да се појави проблем околу неможност да се доживее оргазам, заради истите причини, како и кај мажите....
Токсични семејства
јануари 2, 2021
Актуелно / Психологија
Нарушувањата на личноста, иако бараат психијатриски третман, ретко се видливи за надворешната околина. Честопати овие личности дури се и угледни граѓани во општеството. Имаат добра работа, немаат “испади” во психолошка смисла, прават се како и еден најобичен човек. Но, во домот, овие особини се видливи за најблиските, а особено страдаат децата. Сопружниците на овие личности, знаат дека нешто навистина “не е во ред” со нивниот партнер. И тие, како и другите луѓе, биле излажани од “надворешната нормалност” на овие луѓе, па дури и стапиле во брак бидејќи сметале дека “чудниот темперамент” е дел од личноста на нивниот партнер, а не сериозно психолошко нарушување. Ако во семејство има нарцисоиден систем на вредности, најверојатно децата ќе ги прифатат тие стандарди на однесување заради мешавина од следниве фактори: Децата сакаат да ги задоволат своите родители (особено родител со нарушување на личноста, бидејќи родител со таков психолошки проблем, не може да се задоволи со ништо) Малите деца ги гледаат своите родители како сезнаечки Бог (бидејќи овие родители имаат природно отсуство на емпатија тие и не препознаваат дека некое однесување му штети на нивното дете, дури и некој тоа да им го каже, тоа ништо нема да промени, едноставно нема да им биде гајле) Децата не сакаат да бидат прекорувани и казнувани. Ако родителите се нарцисоидни, веројатно во семејството има ригидна хиерархија, родители со вакви нарушувања се многу насочени кон статусот и достигнувањата (свои, на партнерот и на децата) Овие родители, малку е веројатно дека ќе го научат своето дете на сочувство (бидејќи децата учат индиректно, гледајќи ги своите родители), а речиси е невозможно дека некогаш во вакви домови ќе биде наградена емпатијата на детето. Кај луѓето со психолошко нарушување на личноста, особено нарцисоидното нарушување, емпатијата се смета за слабост, честопати емпатијата кај децата во вакви семејства е на исклучително високо ниво (заради страдањето што секојдневно го трпат) и неретко, кога ќе пораснат, завршуваат во партнерства со луѓе со исто вакво нарушување бидејќи се пораснати на тој начин и никогаш не спознале љубов во вистинска смисла. Љубовта е условена: во овој тип на семејство, не постои такво нешто како безрезервна љубов. Да се сака безусловно значи да прифатиш човечко суштетство целокупно, комплетно – со сите маани и доблести. Наместо тоа, децата на нарцисоидни родители се чувствуваат сакано само кога им се допаѓаат и им угодуваат на своите родители, во спротивно не се сакани. Во зависност од подвидот на родителот со нарцисоидно нарушување, така и односот кон детето е различен, но со еднакво ужасни последици. Сите нарциси ги девалвираат или идеализираат (истовремено) своите деца, значи истото дете денес е совршено, а утре е ужасно. Но, има разлика како им се “осветуваат” за несовршеноста на своите деца. На пример, малигните нарцисоидни родители уживаат да ја уништуваат самодовербата на своите деца, додека егзибиционистичките нарциси ги ценат високите достигнувања и тие може да ги наградат своите деца со позитивно внимание САМО кога достигнувањата на детето добро се одразуваат на семејството и го зголемуваат угледот на родителите (пример: мора секогаш да се однесуваш перфектно, мора да имаш само петки, мора да освоиш прво место на детскиот натпревар, ако не ги правиш овие работи – ти си ужасно, неодговорно, невоспитано човечко суштество)Ранливиот (коверт) нарцис како родител се претставува како најдобар пријател на своето дете, а всушност претпочита пасивно- агресивна тактика за да ги контролира, доминира, владее и казнува другите (и своето дете). На пример ова се родители што честопати “не му зборуваат на своето дете” со цел да научи да не прави грешки. Ова се родители што вршат “gaslight” како омилена тактика, гаслајтингот претставува убедување на детето дека нешто не е како што тоа видело, чуло, почувствувало итн. туку е како што родителот вели дека е! Ова е родител што честопати е “болен” или “не му е добро” ако детето (и останатите членови на семејството) не прави како што му е наредено. Овој родител ги злоставува своите деца на најбрутален и подмолен начин и децата може до крајот на животот да мислат дека нивниот родител бил најдобрата личност што постои, не сфаќајќи дека проблемите што ги имаат како возрасни произлегуваат од долгото психолошко и емотивно злоставување како деца. Коверт нарцисите најчесто имаат агресивен партнер (што ги врши нивните “валкани работи”) за тие да останат “светци” во очите на околината, од партнерот се очекува да влезе во конфликт со околината, да ги тортурира децата ако се непослушни и сето тоа коверт нарцисот го изведува многу затскриено со тактики што буквално треба човек да е таен агент, за да сфати, открие. Честопати нивниот партнер (иако агресивен или со проблеми на контрола врз импулсите) има емпатија и има многу полесно решлив психолошки проблем од нарцисот, но останувањето во врска со нарцисот, за жал, резултира во целоживотно неработење на себе, не посетуваат терапија и остануваат со (честопати дури и лесно) решлив психолошки проблем. Ниту еден нарцис не би сакал да биде во долга врска или брак со некој без емпатија (тие немаат емпатија и потребно им е да се “хранат” од емпатијата на партнерот)Да се видат двајца нарциси во врска е возможно, но исклучително ретко. Едноставно никој нема да обезбедува “душевна храна” и овие врски обично се краткотрајни. Најчеста комбинација е на нарцисоиден партнер со емпатичен, но агресивен партнер или партнер со друго психолошко нарушување. Коверт нарцисот (и општо нарцисите) не мислат дека имаат психолошки проблем, тие сметаат дека се богови, независно што ковертот гледа дека околината не се согласува со тоа. Психолозите честопати упатуваат дека највидливо нарушување на личноста е нарцизмот, ако сте многу внимателни, бидејќи од овие личности ќе слушнете дека другите луѓе се “глупави, не се доволно едуцирани, не знаат ништо, никој не може да ви помогне, се во животот се постигнува сам” и така натаму. Коверт (ранливите) нарциси ја совладуваат микроагресијата. По дефиниција, нарцисоидната личност е компетитивна, завидлива и склона кон непријателски напади. За разлика од очигледната агресија на класичниот нарцис, ранливиот нарцис како родител користи микроагресии преправени како надзор, замерки, хумор (сарказам), навидум помош или грижливост. За детето овој третман создава многу поужасна атмосфера за живеење (иако невидлива за надворешниот свет) од децата што имаат агресивни родители (проблеми со контрола на импулси), зависници или родители со биполарно растројство. Тоа е така бидејќи за надворешната околина (поширокото семејство) овие, горенаведени нарушувања се видливи, па и разбирањето и поддршката се возможни. Децата со нарцисоидни родители се оставени сами на себе, бидејќи околината смета дека нивните семејства се “совршени”. Само терапевт или обучен социјален работник, може да ја открие вистинската атмосфера во која растат овие дечиња. ...
Ендорфините се природни поттикнувачи на доброто расположение
јануари 2, 2021
Здравје / Психологија
Ослободувањето на ендорфин обично се случува кога: човекот е повреден или доживеал стрес Кога е активиран природниот систем на награда, што најчесто се случува со активности како јадење, вежбање или секс. Кога се ослободува, ендорфинот може да помогне во ублажување на болката, да го намали стресот и може да предизвика еуфорично чувство. На кратко, ендорфините можат да направат да се чувствувате прилично добро. Што се ендорфини? Ендорфините се невротрансмитери, супстанции што на биохемиско ниво влијаат врз менталната состојба на една личност, преку невролошки врски и спроведување на импулси во структурата на мозокот. Ако погледнеме од аспект на расположението, лачењето на ендорфин се јавува во разни состојби како што се радост, среќа, задоволство Ендорфините во основа се поврзани со психичкото искуство на задоволство и уживање. Но, интеракцијата на овие основни и други супстанции што посредуваат ја даваат целокупната слика на нашето расположение. Ендорфините се произведуваат главно во хипофизата и хипоталамусот. Нивното име одговара на нивната функција, тоа се внатрешни морфини. Тие се неопходни човекот да почувствува мир, задоволство, понекогаш еуфорија, радост, а понекогаш и среќа, истовремено за да може делумно да се неутрализира или блокира искуството на стрес, ментална или физичка болка. Секоја мисла, искуство и момент на нашето постоење влијае врз менталната состојба, како и на организмот преку овие невротрансмитери и на нивната интеракција.Затоа е важно како да се поттикне лачењето на овој важен неуротрансмитер. Потврдени се следните начини: Вежбање Масажа Смеење Секс Поминато време со блиски, сакани луѓе Медитација Умерено конзумирање вино...
Среќна Нова 2020 година!
декември 31, 2020
Uncategorized
Среќна Нова 2021 година! Артист Солар ви посакува Среќна Нова 2021 година. Да ја оставиме изминатата година да падне во заборав и да гледаме како пред нас осамнува нова година и нова надеж. Еве како во Австралија се дочека оваа Нова година....
Модни трендови што треба да исчезнат во 2021
декември 30, 2020
Арт / Мода
2020 секако ќе биде запаметена, ама по лошо. Дел од модните трендови беа светлина во темнината, но, дел навистина произлегуваат од гротескното расположение на глобално ниво. Видлива танга. Ова е голем моден тренд од крајот на 90-тите години на минатиот век. За наша несреќа постојат обиди за враќање на трендот. Особено преку некои познати личности како што се Хејли Бибер, Џенифер Лопез и Дуа Липа. Корсети Да не се лажеме, корсетите не биле пријатни за носење во 16 век, а камо ли денес. Многу дизајнери се согласуваат дека за да се издизајнира корсет е многу пипава и детална работа, “рандом” купување на корсет од продавница – ретко, безмалку никогаш е полн погодок. Плетен крошет Повремено носење на детали, додатоци од плетен крошет, може да биде интересно и освежувачки. Но, цели фустани, пантолони, блузи од плетен крошет е премногу. Дополнително, ваквите модели се тешки за одржување, бидејќи се перат рачно. Минијатурни чанти Ова е тренд што се појави кон крајот на 2019, а дефинитивно треба да исчезне во 2021. Оваа чанта е целосно непрактична, во микро-моделот најмногу може да ја сместите вашата кредитна картичка. Заборавете на мобилниот телефон, клучевите најдобро оставете ги дома. ...
Новите генерации претпочитаат секс, само доколку имаат чувства кон одредена личност
декември 28, 2020
Љубов / Актуелно
Последното истражување што се спровело во Австралија, Велика Британија и САД се темелело токму на вредностите, што младите луѓе денес ги имаат во однос на сексот. Се повеќе луѓе сфаќаат дека сексот е суштински многу неутрално дејствие, нешто налик на јадење. Па, исто како и јадењето, за жал, постојат огроми разлики во “сервираната” храна. Така е и со партнерите, не постојат две исти личности, затоа и искуствата воопшто не можат да наликуваат едно на друго. Боранијата, како растение е од истата сорта како и грашокот, ама многумина ќе речат дека грашок можеби им е омилено јадење, а боранија не сакаат ни да погледнат. Новите генерации, и покрај достапноста на потенцијални партнери (благодарение на интернетот и сајтовите за состаноци) се всушност многу “поосвестени” кога станува збор за сексот, од постарите генерации за кои всушност многу сексуални дејствија претставуваат табу и непозната територија. На кој начин овие генерации се поосвестени околу сексуалноста? Тие многу рано ја знаат својата сексуална ориентација Во семејството слободно се зборува на оваа тема (бидејќи нивните родители се родени најчесто во седумдесетите години на минатиот век). Отворено им поставуваат прашања на своите родители и добиваат прецизни (вистинити) одговори. Пријателите и општо околината нема (или има помалку) предрасуди во однос на овие теми, па многу рано дознаваат за облиците на интеракција помеѓу луѓето. Нивната перспектива во однос на сексот е прифатена од најблиските, без предрасуди. Дозволено им е, дури и поттикнати се да експериментираат во адолесценцијата самите, па потоа врз база на своите искуства да донесуваат заклучоци што сакаат. Последното истражување што се спровело во Австралија, Велика Британија и САД се темелело токму на вредностите, што младите луѓе, особено на возраст од 18 до 25 години ги имаат во однос на сексот. Заклучоците биле следните: Здосадено ми е и не сакам да имам секс со луѓе што не знаат кога ми е роденден Не сакам да имам секс со луѓе “Те молам заврши побрзо и да си викнам такси” Претпочитам да имам секс само со некој што го познавам подолго и чувствувам нешто за таа личност. Немам проблем да немам секс никогаш, ако тоа не е правата личност за мене. Доволно ми е од секс без чувства Само ако не знаеш што сакаш и што бараш, ќе згрешиш во изборот, поважно е да се посетува терапија отколку сајтови за состаноци (со цел да се најде секс) Според овие одговори, истражувачите едногласно заклучиле дека ерата на “состаноци за една вечер” и “секс-другарчиња” за новите генерации во голем процент е завршена. Заследи не на Инстаграм...
Луда и незаборавна домашна новогодишна забава
декември 27, 2020
Живот
Домашна Нова година? Звучи досадно. Сепак, доколку се сака, оваа домашна забава може да ја направите најоткачената, најинстаграмската новогодишна забава досега. Како?Еве неколку начини како оваа 2021 да ви започне незаборавно. Бидете боем, со допир на гламур. Размислувајте во насока на пердуви, пријатно подно седење и златни конфети. Оваа домашна Нова година, дневната нека стане најневеројатниот простор во кој некогаш сте престојувале. Шампањот е поентата на Нова година нели? Поставете бар со разни пијалоци, додадете продукти за подготовка на коктели, купете разни мешавини како на пример семе од рузмарин или калинка, состојки и пијалоци што вашите најмили нема никогаш да ги заборават На сармите, кифличките и руската овој пат дајте им вртоглаво ексцентричен изглед. Може да експериментирате правејќи ги во вид на ситни залаци – домашните оваа новогодишна забава нема да користат прибор за јадење. Новогодишната ноќ не мора да вклучува и светки, сјај и дива ноќна забава. Поканете го вашето семејство на пријатни неколку часа забава со разни игри (од монопол, ризико, до се што ќе ви падне на памет, а не сте го играле од дете) Купете игра со празничен зимски декор и не заборавајте на “Хари Потер” атмосфера во домот. Зарем може да има забава без балони? Епа, оваа Нова година нека бидат џиновски! Можете дури и да им дозволите на најмалите да ги пукнат кога ќе дојде 12 часот. Заследете не на Инстаграм...
Серија што не се пропушта : The OA (Original Angel)
декември 25, 2020
Арт / Серии
Ова е серијата што покрена лавина на реакции на фановите по прекинувањето на втората сезона. Неверојатна (mind bending) научна фантастика со исклучителна приказна. Во себе, инкорпорира елементи на спиритуални учења, разновидни древни верувања и сето тоа поставено во современа атмосфера на денешницата. Фановите на серијата дури ги извршуваа петте движења, што се клучен елемент во самата приказна, пред седиштето на Нетфликс, се со цел да продолжи снимањето на третата сезона. Ове само пример колку сериозно серијата ги допре луѓето. Што е The OA?Серијата е приказна за една слепа девојка на која на мистериозен начин, еден ден и се враќа видот. Медицински необјасниво, таа откако исчезнала, од своето родно место, по 7 години се враќа со совршен вид. Тешко е да се биде амбивалентен кон драмата на Брит Марлинг и Зал Бетманглија. Ќе морате, како и ликовите, да се подготвите да ги напуштите сите однапред сфатени концепти, сета ваша логика и да се препуштите на еден наратив и реалност што ќе ве одведат далеку од секојдневието. The OA се движи во раскажувачки скокови наназад и нанапред, намерно збунувачки во секој чекор и сосема доследни во идејниот одговор – толку смел, што не доведува до состојба на восхит. Процесот на гледање и доживување на секоја епизода на “The OA” и покрај смиреноста и “нормалноста” ќе ве одведе во сосема нови предели, неистражени територии, пред се, на она што го носиме внатре, наречете го душа или свесност....
Previous
Next
Актуелно
Џигер: Ритамот е нешто што сите го имаме во себе
ноември 30, 2020
Актуелно / Избор на уредникот / Интервју / Каскадер
Како човечки битија имаме срце и тоа чука во ритам Талентиран, искрен, човечен и опасно харизматичен. На 28-годишна возраст неговата кариера веќе има густа содржина, професионално се занимава со свирење тапани речиси цела деценија. Основач е на бендот „Bramha Amity Trio“ и е дел од бендовите „3Ject“ и „Musaiq“, а како „session“ музичар е дел и од „Next Time”. Последно го видовме на “Drum Fest” во МКЦ а за ова време-невреме вели дека се труди да остане со позитивна мисла и во добра физичка кондиција. А нешто последно, познато на јавноста, е песната “Ратата” во соработка со Тони Зен. Александар Ванчовски, во јавноста познат како Џигер, е млад македонски тапанар, што во последните неколку години блеска на македонската музичка сцена. Своето формално музичко образование го усовршува на џез академијата “Гоце Делчев” на одделот џез тапани, под палката на професор Алек Секуловски. Покрај творењето тој е и инструктор по тапани во Roma Rock School. Во април издаваат сингл со Bramha Amity Trio како најава за вториот албум со малку сменет состав од претходниот албум. Потоа се поканети со Гоце Стевковски да настапат на All About The Jazz со 3ject. Со 3ject свират и на Jazz Factory Festival во Битола со Bramha Amity Trio што воедно им е прв настап со новиот состав. Потоа издаваат два сингла со 3ject – FlaTTard и видео создадено од неколку многу стари цртани филмови, чиј автор е Наско Џорлев – долгогодишен другар. Второто парче се вика РАТАТА, новата песна со Тони Зен. За оваа песна тие знаеле дека сакаат да имаат гостин што ќе рапува. При случајна средба, одлучуваат дека храбро во овој оган може да влезе Тони Зен. “Се слушнавме со Тони, го поканивме да ни гостува и го напиша текстот за неполна недела. Иван Куртевски го направи видеото, без што не би се доловила целата слика на песната. Се надеваме дека до крајот на годинава ќе излезе и албумот. Полека но сигурно, влегуваме во студио со Bramha Amity Trio да го одработиме и вториот албум.” – раскажува за идејата Џигер. 1. Дали музиката беше на твоето дневно мени како дете? Музиката како дете ме опкружуваше, сосема случајно, од сите страни. Прво ќе почнам од тоа што татко ми пушташе: John Lee Hooker, AC DC, Motorhead, Deep Purple и многу блуз и рок. Потоа ме слушнале дома моите како пејам и ме пратија на Супер Sвезда и испеав песна што се викаше “Шармер”. Подоцна во 3-то одделение се сеќавам за роденден ми донесоа албум од Metallica – And Justice For All. Тоа ми беше шок и такво нешто немав слушнато до тогаш. Потоа го открив Еминем и како секое дете растено во 2000-те се навлеков. Потоа почна да ме интересира друг вид на рап музика, па стигнав до 2pac. Имаше Хип Хоп Шоп во ТЦ Бисер и се сеќавам ги терав моите да ми купуваат некаква си хип хоп облека: широки фармерки, широки маици, ланци, бандани. А мајка ми беше таква што ми купуваше скоро се. Во хип хоп продавницата работеше поранешниот рапер Мустафа (кој растел 2000-ти го познава) и до ден денес сум му благодарен затоа што ми подари неколку рап албуми што ми направија револуција во тој период. Потоа во Аеродром, населбата каде што живеам, присуствував на една дружба на таканареченото “Криво Дрво” и еден пријател имаше ЕЛЕКТРИЧНА ГИТАРА СО ПОЈАЧАЛО НА БАТЕРИИ и ја свиреше “Smеlls Like Teen Spirit”. Тоа за мене беше како да сум видел летачка чинија. Се навлеков многу на рок музика повторно. Исто така имаше емисија на ТВ што се викаше Рок Кафе, и од таму научив многу за музиката. Потоа имав среќа, татко ми да ме однесе на концерти на култни бендови што доаѓаа кај нас. Навистина бев опкружен со музика и култура на дневно мени. Некако сите детски игри си ги спојував со некоја музика. Секако, важно е и тоа што имав преголема среќа да имам голема поддршка од моите родители и роднини, веројатно виделе нешто во мене. 2. Што те натера да избереш тапани како инструмент? Дали можеби некогаш, во минатото си бил посветен на некој друг инструмент? Тапаните во мојот случај дојдоа многу махинално и ненамерно. До прва година средно свирев на гитара и бев убеден дека ќе бидам многу добар гитарист. Во средно училиште се обидов да се запишам на гитара, но немаше место и не ме примија. Ми рекоа има едно место на ударни инструмент, а јас бев тотално заљубен во музика, како и ден денес па си реков ајде, само да сум во контакт со музиката и се запишав на ударни инструменти во ДМБУЦ. Потоа се сеќавам дека си ја продадов едната гитара за да истетовирам добош. На други инструменти сум посветен и денес, во оваа пандемија, голем дел од времето го користам за свирење на бас, гитара и клавир. 3. Каква е разликата во твојот развој како музичар, од пубертет, па се до денес? Како и секој човек што расте со текот на годините така е и со музиката. Нормално е дека имам пораснато музички од тогаш до сега, но музиката е таква што никогаш нема да ја научиш и постојано ќе има нешто што не го знаеш. Илија Пејовски, професор на факултетот, ни кажа на едно предавање “музика не се учи- музика се студира”. Уште сум во пубертет кога се работи за музика. Секое преслушување или создавање на ново дело е нешто ново и невидено. Секој концерт и настап се различни. Музика е жива материја. 4. Зошто џезот те фасцинира како музичар? Конкретно за џез нема да коментирам многу затоа што според мене тоа е музика на многу различна култура од нашата. Што е тоа џез? Секој си го разбира различно и тотално има право. Јас го доживувам како напреден стил на музичко творење. Мене ме фасцинира тоа што за разлика од другите музички жанрови, овде не мора да си во шаблонот. Го доживувам како ROCK & ROLL. 5. Што и недостига на Македонија кога станува збор за бендови, џез музика, па и конкретно за тапанарите и нивниот музички израз? На Македонија и недостасува култура пред се. Имаме многу музика кај нас, од многу одамна. Имаме многу бендови. Има бендови што вадат албуми секоја година посебно на алтернативната сцена, меѓутоа тие бендови нема баш кој да ги поддржи. Повторно ќе кажам тоа е се поради културата што ни е на мизерно и ниско ниво. Имаме точно две места за свирење клубски концерти, кои пак го навикнаа народот да се журка само на кавер бендови. Кавер бендовите се супер, така се учи музика и мора да ги има. Ова со авторската музика е малку различно, доаѓаш на концерт за да уживаш во музиката на интерпретаторот или да ја поддржиш сцената, а не затоа што е петок или сабота. Како што одите во кино или на театар или на изложба. Џез музиката јас ја ставам во алтернативниот кош. Како што напоменав има многу. Морам да го спомнам Гоце Стевковски и З.Џ.М. што секогаш излегувале во пресрет и се борат да ја издигнат таа сцена на повисоко ниво. Ја имаме таа среќа во несреќа, дека сме мала земја, и се знаеме скоро одлично сите меѓу себе. Тапанари во МК има исто така многу, и сите се одлични на свој начин. Но, едно знам – сите сме различни. 6. Тапанарот во рок група го зазема центарот на сцената и сите се фокусирани на него. Во еден џез-бенд е сосема поинаку. Тапанарот седи во аголот на сцената и ја одржува позадината на сцената како своe поле на игра. Како успеваш да ја пренесеш пораката до останатите членовите на бендот? Има голема улога во тоа каков е филмот на бендот. Пак ќе напоменам дека џез музика за мене е како и секоја музика. Многу често ми се случувало да седам на страна и додека сум свирел рок или метал, или било каков жанр. Мене ми е подобро кога сум на страна. Пред се, бидејќи имам поголема контрола на звукот, одлична комуникација со публиката и поголема комуникација со останатите во бендот. Исто така, честопати сум се местел на страна поради сценографијата. Конкретно со бендот 3ject иако немаме некој џез призвук, мене ми е многу попријатно да свирам на тој начин. Тројца сме. Плус имаме подобра контрола и комуникација и плус мислиме дека пофраерски изгледа. Се случувало кога се работи за голем состав да биде тапанарот и многу подалеку. Ако е голема сцената и ако немаш добар мониторинг е многу тешко да се одсвири концертот. Затоа имам in ear монитори кои ми завршуваат работа секогаш. Моја препорака драмери – да си земете in ear. (се смее) 6. Како ја дефинираш твојата улога во бендот? Улогата на еден тапанар е под слична одговорност со сите останати инструменти. Професорот Алек Секуловски, на првиот час по тапани рече: “тапанот е инструмент што треба да го натераш тој пред тебе да игра”. Секако улогата е да бидеш што можеш понормален човек психички, посветен, да можеш да работиш со што повеќе музичари, и на тој начин да го најдеш својот автентичен израз, со текот на годините. 7. Кога станува збор за енергијата, ритамот и тајмингот, како го правиш тоа, имаш ли механизам на кој се потпираш? Ритамот е нешто што сите го имаме во себе. Како човечки битија имаме срце и тоа чука во ритам. Кога се работи за инструмент, секако дека треба да се работи на таа тема. Секој таканаречен успех доаѓа со многу работа и споделување искуства. Ритамот е нешто што се изучува со години и никогаш нема да ги знаеш “сите ритмови”. Слушање многу музика, останување до разденување и секако свирење со музичари многу подобри од тебе. Тајмингот не зависи само од тапанарот. Тајмингот зависи од цела ритам секција. Според мене тоа е работа што никогаш неможе да биде точно до БПМ. Зависи од тоа како ти се одвивал денот. Има тапанари што влечат напред во темпо и има што влечат назад. Се што може е да работиме на дишењето. Со самата возбуда може да завлечеш напред во темпо. Кога имаме било каква возбуда ни застанува здивот на некоја мили секунда и ја расипуваме работата на срцето, центарот од каде ни доаѓа ритамот. Исто има решение на вежби кои се викаат рудименти и се многу важни за да бидете целосен тапанар. Енергијата не е секогаш иста. Секој настап си бара различна енергија. Повторно ке напоменам. Зависи каков ти бил денот. Но како професионалец кога ке застанеш пре полна публика никој не го интересира каков ти бил денот. Затоа се работи на овој инструмет засекогаш и никогаш нема да го научиш. Поентата е во правиот патот целта ке си дојде затоа што секако патуваш....
Вистината за сродните души
декември 2, 2020
Љубов / Актуелно / Духовна гимнастика / Избор на уредникот
Терминот “сродна душа” е веќе со децении, ако не и векови наназад толку распространет, што буквално има море од “вистини” за оваа појава. Во овој текст се обидовме да издестилираме што се оние клучни показатели, упатувачи, ако сакате “знаци” што би биле најблизу до вистината, ако воопшто и може да се каже дека таква вистина постои. Потекло на терминотЕдна рана употреба на зборот „сродна душа“ доаѓа од поетот Семјуел Колриџ во писмо што датира од 1822 година: „За да бидете среќни во брачниот живот… мора да имате сродна душа“. Платон пак, го цитира поетот Аристофан дека сите луѓе некогаш биле обединети со својата втора половина, но Зевс ги разделил од страв и љубомора. Многу верувања упатуваат на тоа дека паровите што се со својата сродна душа се многу “помоќни” во својот личен живот (во однос на времето кога биле сами), но и во однос на општеството и воопшто светот. Вистина број 1Кога ќе се обедините со својата сродна душа, вашиот живот ќе се промени на подобро. Не на полошо. Невозможно е да сте со својата сродна душа, ако бивањето со некоја личност ве одвело кон зависности, разни пороци, злоупотреби, губење на кариерата, нарушување на пријателските и семејните односи, итн. Вистина број 2Обединувањето со сродната душа не е анскиозност или тн. “пеперутки во стомакот”. Ако се чувстувате нервозно во присуство на вашиот партнер, љубовник, тоа е сигурен знак дека тој/таа не е вашата сродна душа. Многу духовни практики се стремат кон тоа човекто да најде мир и љубов во своето срце. Сосема контрадикторно на секоја духовност е нешто што ви е подарено од Универзумот, од Бога да внесува немир и несигурност во вашето срце. Некои луѓе се дотаму маѓепсани од терминот “сродна душа” што се во состојба ова да го препишат на луѓе во нивниот живот што буквално им внесуваат страв. Тие луѓе навистина не се без причина во нивниот живот, ти се таму за да им покажат дека треба да работат на себе, да создадат вистински вредности (сопствени) во својот живот за да бидат подготвени да ја сретнат вистинската сродна душа. Вистина број 3Сродната душа е секогаш на ваше емотивно, ментално, физичко, социјално ниво. Што значи ова? Дали значи ако вие имате висока едукација и вашата сродна душа има исто така? Секако дека не. Но, значи дека искуствата во животот ви се толку компатибилни што разликата во едукација никогаш и нема да ви падне на памет. Дали значи дека ако вие сте сами, вашата сродна душа не може да биде во брак? Секако дека да, доколку сте подготвени (духовно и емотивно) за сродна душа, невозможно е да се најдете во улога на растурач на бракови или пак, уште полошо семејства. “Ама можеби треба да ја/го спасам од “лошиот” брак. Можеби тоа е дел од мисијата?” Зарем мислите дека Универзумот за мисија ви дал да “спасувате” луѓе од нивните одлуки, од нивната слободна волја? Можеби треба повеќе да работите на себе и да ја увидите вистинската мисија што ја имате на овој свет, мисија што ќе остави печат на општеството, заедницата, технологијата, медицината, архитектурата, уметноста итн. Замислете Марија Кири да сметала дека нејзината мисија е да го спасува Пјер (или обратно), наместо да се фокусира на најзиниот пронајдок, што спасувал животи. Дури можеме слободно да кажеме дека доколку вашиот партнер/ка не е слободен, тоа со сигурност значи дека тоа НЕ Е вашата сродна душа. Вистина број 4 Секогаш еден од сродните души е поуспешен од другиот. Ове е целосна невистина, вистината е дека доколку сте со сродната душа и двајцата сте успешни, еднакво успешни. Што значи тоа? Тоа не значи дека како Марија и Пјер, треба да работите во истото поле, иако тоа не е исклучено. Тоа значи дека ако едниот партнер е успешен архитект, а другиот партнер е сопственик на локална цвеќарница, може да се работи за сродни души. Па што имаат овие двајца заедничко? Заедничка им е естетиката, љубота кон уредувањето, човечката комуникација со луѓето (едниот на локално, а другиот, можеби на глобално ниво). Понекогаш таа моќна компатибилност не е воочлива на прв поглед, понекогаш тие имаат еднаква страст кон работите (што се различни за секој поединечно) на пример едниот партнер страсно ужива во фудбал додека другиот партнер страсно ужива во јога – навидум овие луѓе се некомпатибилни, но всушност поважна е компатибилноста во однос на страста, отколку дали се работи за јога или фудбал....
Ja имав таа привилегијата да учам од тоа слепо животинче
декември 11, 2020
Актуелно / Избор на уредникот / Каскадер
Пишува: Мери Јордановска Често ние членовите за заштита на бездомните животни знаеме да бидеме престроги кога станува збор за купување домашни миленици, па дури и да претераме со инсистирањата да се посвои куче или маче. Но, со текот на годините сфатив дека тоа не може да се наметне како одреден стандард, ниту како правило, а последната случка и ми докажа дека некогаш животните нè бираат нас, а не ние нив. Како да ни се појавуваат пред очи и во моментот кога ќе ги земеме в раце, да знаеме: „Не те давам никому, не те оставам“. Без разлика дали миленикот е расно куче или маче, дали има хендикеп, каква е неговата боја на крзното. Едноставно, знаеме.Баш така се случи Тајсон во мојот живот. Маченце од 300 грама застанато пред гаражата на моите родители, стуткано во ќошот, исплашено, како да го носи сиот терет на светот. Пробав да му се доближам, но толку испаничено побегна, удирајќи се од ѕидови и туркајќи се во моторот од најблискиот автомобил. Веднаш забележав дека ова мало кревко суштестество не гледа и дека има тешка инфекција на очите. Истрчав до аптека да купам маст и кога се вратив, токму во автомобилот каде што беше скриен, влегуваше човек за да го запали. „Застанетееее, ве молам не ја палете колата, имате маченце во моторот“, свикав.Човекот нервозно излезе од автомобилот, ја отвори хаубата, го грабна мачето и буквално го фрли на улицата, како да е смет кој му ја извалкал колата. Тогаш следуваше уште получасовно бркање по улицата. Го фатив и го погледнав мачето, но тоа не можеше. Очите му беа комплетно затворени, инфицирани, не знаеше на каде да се движи, паѓаше. И во тој момент знаев дека никогаш нема да го оставам. Го однесов во ветеринарната станица и реакцијата на д-р Ивица не беше најоптимистична. „Ќе гледаме да му го спасиме барем едното око“. Ветеринар, инекции, дома, ветеринар, инекции, дома, секој ден. Тајсон ниту еднаш не пушти глас. Не замјаука. Не мјаука дури ни сега, пет месеци подоцна.Едното око мораше да му се отстрани комплетно, откако инфекцијата се прошири и постоеше опасност да стигне до мозокот. Во очите имаше конци, а во моите очи само солзи кога дојдов да го земам од ветеринар, а тој се залепи за мене, како да сум му последната трошка надеж. „Дали барем нешто гледа со другото око?“, прашав. „Да, но само некои сенки“, ми одговори ветеринарот. Дојдов дома, го гушкав силно и без престан плачев. Никогаш сум немала контакт со слепо животинче. И токму во месеците кога коронавирусот земаше залет, јас ја имав привилегијата да учам од тоа слепо животинче, поминувајќи цели денови со него. Тој сепак е среќен. Тој се радува кога ќе види сенка и игра со неа, како да е играчка. Се радува кога ќе ги чуе птиците надвор, па пушта чудни звуци – иако не ги гледа, тој воспоставува контакт. Тајсон нè смее. Знае да се качи по скалите од галеријата во станот, но никако не знае да се симне, па должни сме по цели денови да изигруваме „таксисти“, симнувајќи го, а тој преде во знак на благодарност. Процес беше додека да го научи станот, па поминаа можеби два месеци и се навикнавме кога ќе слушнеме јак звук – знаевме дека Тајсон си ја удира главата од нешто, играјќи си и не гледајќи ја препреката пред него. Сега не се ни обидуваме да направиме разместување во станот, бидејќи тој знае точно сè каде се наоѓа, па страв ни е дека секоја промена ќе носи нови „потреси на мозок“. Понекогаш тоа ни делува и смешно, бидејќи знае да се удри од фрижидерот, фотелјата, радијаторот, толку силно, што и мене ме здоболува, а тој продолжува да си игра, како ништо да не било. Не гледа, па затоа останатите сетила му се поразвиени. Реагира бурно на секој звук и морам да признаам дека во животов не сум слушнала мачка да преде толку гласно. Фасцинантно е да се гледа едно слепо маче како расте и како нè учи – дека живите суштества можат да се приспособат на секоја ситуација и притоа да бидат благодарни што се живи и сакани. Тајсон можеби не гледа, но нас нè научи да ги гледаме работите со поинакви очи. И кога ќе ме погледне, секогаш имам чувство како да ми намига, со поглед кој вели, „гледаш дека сè може да биде во ред“. ...
Ива Дамјановски: децата се бесмртни, а возрасните не се
декември 8, 2020
Актуелно / Избор на уредникот / Интервју
Како се создаде песната „Дете“ Ива Дамјановски е добитник е на наградата „Игор Исаковски“ за најдобар дебитантски поетски ракопис во 2017 г. Нејзината стихозбирка „Тие“ е издадена во 2017 година од издавачката куќа Блесок. Во 2020 е издадена и нејзината втора стихозбирка „Двоумење”, за која и е доделена наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата. Поезијата на Дамјановски е преведувана на српски, грчки, хрватски и словенечки јазик.Таа всушност e млада пијанистка од Скопје. Но, нејзината песна „Дете“ е нешто што одамна вака не одекнало помеѓу македонската публика. Дете Децата не се луѓе.А луѓето им љубоморат на децатаи затоа ги фаќаат за рачеи им велат:ова земја е,ова трева е,ова гроб е,ова цвет е,а ти – дете. Децата не се луѓе.А луѓето им љубоморат на децатаи затоа ги фаќаат за рачеи им велат:ова сон е,ова пластика е,ова закон е,ова ред е,а ти – дете. Децата не се луѓе.А луѓето им љубоморат на децатаи затоа ги фаќаат за рачеи им велат:ова телефон е,ова пари се,ова војна е,ова грев е,ова – светец,а ти – дете. Децата не се луѓе.Луѓето им љубоморат на децатаи затоа ги фаќаат за рачеи им велат:ова рака еи раката мора да крвави,да пита,да копа,да пишува,да плете,раката на секој човеки на секое дете. Ама децата не се луѓеи луѓето им љубоморат на децатабидејќи децата се бесмртни,а луѓето не сеи затоа ги учат декамора да се спие,да се јадеи никако да не се оди босза да се преживее. И децата верувааткога им се вели:ова смрт е,ова небо е,ова свет е,а ти – само дете. Со сурова љубопитнострастрчаните децаненадејно запираати иако се раѓаат бесмртни,учат да умираат. Ја прашавме Ива како ја создаде „Дете“? Песна што е како активиран вулкан од емоции, нешто што малкумина умеат, песна без задршка, без артифициелност, во крајна линија без грам товар. Она нешто недофатливо, што го поседува поезијата на великани, тоа нешто го држела Ива в рака и ни го даде експлозивно, токму тука, во „Дете“.Еве што ни раскажа таа за раѓањето на песната: „Дете“ е напишана пред неколку години и не ми беше воопшто предвидена за објавување, не успеа да влезе во мојот избор за дополнетото издание на „Тие“ и иако оние неколкумина што ја имаа прочитано пред да излезе „Двоумење“ имаа позитивни коментари за неа, јас лично сметав дека не е доволно добра. Кога го подготвував изборот за втората збирка и се навратив и ја допишав последната строфа и мислам дека тоа ја направи сета разлика (барем за мене). Мислам дека ова е и поврзано со предизвикот кој си го зададов, а тоа е да одговорам комплементарно на содржината и преку стилот, пишувајќи ја песната со едноставни зборови и стил на римување типичен за поезијата наменета за деца. Тука се јавува проблемот на рамнотежата помеѓу возвишеното детско и пејоративното инфантилно, нешто што јас постојано го барам во она што го пишувам, без оглед дали се работи за музика, поезија или проза, а и во себе си. Најчесто ги пишувам песните околу некоја многу конкретна идеја или стих; кај „Дете“ тоа беше идејата дека децата се раѓаат сосем чисти, без поим за ништо што е зло, тоа е она што се учи, па мислев дека е интересно ако метафората се пренесе и на самата смртност: „децата се бесмртни, а возрасните не се“ – смртноста и несовршеноста се нешто што се учи, а светот кој го создаваат возрасните често ми изгледа дека се обидува тоа и да го охрабри. Восхитот од детското е дефинитивно тема која се провлекува во „Двоумење“ (многу ми беше драго што ова беше потенцирано во освртот од страна на комисијата на СВП) и има и други песни во кои е очигледна мојата лутина кон заборавањето и негрижата за детското и песимизмот во кој растат децата денес, како што е на пример и „Песна за мирот на барем три јазика“.Многу ми е драго ако оваа порака допира до читателите, бидејќи сметам дека човештвото нема поважна задача од потполна посветеност на создавање подобар свет што ќе мораат да го наследат идните деца и дека нема ништо повозвишено од тоа да се зачува детскиот поглед, полн со безмилосна љубопитност и едноставна љубов кон светот....
Новите генерации претпочитаат секс, само доколку имаат чувства кон одредена личност
декември 28, 2020
Љубов / Актуелно
Последното истражување што се спровело во Австралија, Велика Британија и САД се темелело токму на вредностите, што младите луѓе денес ги имаат во однос на сексот. Се повеќе луѓе сфаќаат дека сексот е суштински многу неутрално дејствие, нешто налик на јадење. Па, исто како и јадењето, за жал, постојат огроми разлики во “сервираната” храна. Така е и со партнерите, не постојат две исти личности, затоа и искуствата воопшто не можат да наликуваат едно на друго. Боранијата, како растение е од истата сорта како и грашокот, ама многумина ќе речат дека грашок можеби им е омилено јадење, а боранија не сакаат ни да погледнат. Новите генерации, и покрај достапноста на потенцијални партнери (благодарение на интернетот и сајтовите за состаноци) се всушност многу “поосвестени” кога станува збор за сексот, од постарите генерации за кои всушност многу сексуални дејствија претставуваат табу и непозната територија. На кој начин овие генерации се поосвестени околу сексуалноста? Тие многу рано ја знаат својата сексуална ориентација Во семејството слободно се зборува на оваа тема (бидејќи нивните родители се родени најчесто во седумдесетите години на минатиот век). Отворено им поставуваат прашања на своите родители и добиваат прецизни (вистинити) одговори. Пријателите и општо околината нема (или има помалку) предрасуди во однос на овие теми, па многу рано дознаваат за облиците на интеракција помеѓу луѓето. Нивната перспектива во однос на сексот е прифатена од најблиските, без предрасуди. Дозволено им е, дури и поттикнати се да експериментираат во адолесценцијата самите, па потоа врз база на своите искуства да донесуваат заклучоци што сакаат. Последното истражување што се спровело во Австралија, Велика Британија и САД се темелело токму на вредностите, што младите луѓе, особено на возраст од 18 до 25 години ги имаат во однос на сексот. Заклучоците биле следните: Здосадено ми е и не сакам да имам секс со луѓе што не знаат кога ми е роденден Не сакам да имам секс со луѓе “Те молам заврши побрзо и да си викнам такси” Претпочитам да имам секс само со некој што го познавам подолго и чувствувам нешто за таа личност. Немам проблем да немам секс никогаш, ако тоа не е правата личност за мене. Доволно ми е од секс без чувства Само ако не знаеш што сакаш и што бараш, ќе згрешиш во изборот, поважно е да се посетува терапија отколку сајтови за состаноци (со цел да се најде секс) Според овие одговори, истражувачите едногласно заклучиле дека ерата на “состаноци за една вечер” и “секс-другарчиња” за новите генерации во голем процент е завршена. Заследи не на Инстаграм...
Росица Мршиќ: Креациите зборуваат на сопствен јазик
декември 13, 2020
Актуелно / Избор на уредникот / Интервју
Модниот дизајнер Росица Мршиќ веќе подолго време е дел од македонската модна сцена со своите оригинални и интересни модели. Своето образование го стекнала на Факултетот за визуелна уметност и дизајн во Утрехт, Холандија и на Школата при Уметничкиот институт во Чикаго.Таа, веќе со години наназад, не изненадува со необични, храбри и целосно автентични дизајнерски парчиња, за што има и бројни номинации и награди, не само во Македонија, туку и во Европа. За модниот дизајн, нејзиниот пристап кон креирањето, таа ни ја кажа својата перспектива. Вашите парчиња се поетични и многу женствени. Од каде ја црпите инспирацијата? Инспирација се црпи од секојдневието и од личниот интерес и фокус. Мешавина од импулс, љубопитност, барање на нови креативни решенија, будно око и контенплација за да се создаде нова форма, што ќе биде естетски и идејно оправдана, и ќе зборува на сопствениот јазик. Кои дизајнери ги сметате за учители и што е есенцијата што еден искусен учител во модата може да ги научи своите ученици? Искуството и знаењето на дизајнерите се стекнува преку години работа и посветеност на себе-откривање, осознавање и поместување на креативните граници, и постојан развој на сопствените вештини. На светско ниво, има неколку дизајнери чија работа ја следам и ме воодушевува. Мое мислење е дека секој дизајнер, за да биде во чекор и чекор пред времете во кое твори, мора добро да ја познава историјата на модата и да ја следи работата на дизајнерите низ светот. Дизајнерите чија естетика ја сметам за иновативна, автентична и блиска до мојот сензибилитет се: Dries Van Noten, Roksanda Ilincic, Prada, Marni, Christian Wijnants, Emilia Wickstead, Delpozo, Narcizo Rodrigues, Alessandro dell’Acqua… Најважното учење што еден предавач може да го пренесе и да го поттикне својот ученик е да му помогне да го дефинира сопствениот потпис и естетика на творење, да го мотивира постојано да биде иновативен и да не се потпира на својата комфор зона, будно и љубопитно да пристапува кон се што го опкружува, и да гради професионален и темелен однос кон професијата…. Каков е совршениот крој за вас? Тој на кој се поминуваат часови и часови работа и размислување, и кога ќе се постигне точката каде сите прашања, дилеми, опции и недоумици се разрешени, кројот е совршен и оправдан да биде создаден… Која е модата што е изворот од каде што протекува вашата креација, што е она што им недостасува или ги кочи македонските дизајнери да блеснат на светската модна сцена? Македонската сцена е релативна млада и според мене недоволно развиена, за да биде атрактивна на глобалната сцена. Тоа што е пречка за многумина дизајнери е недостапноста и ограниченоста за набавка на репро материјали, недостаток од производствени капацитети кои би застанале зад поголеми нарачки, недоволната помош од државата за промовирање на модниот дизајн надвор од нашите граници… Сите скромни чекори на малкумина дизајнери за промоција на македонскиот моден дизајн, се сведуваат на привремени презентации на своите колекции надвор од државата за кои се потребни големи вложувања за да се биде присутен на интернационалната сцена. Кој е процесот креациите на еден моден дизајнер да стигнат во вистински раце и да биде препознаен? Процесот на промоција на еден бренд, и дизајнерска работа не се случува преку ноќ. За еден бренд да стане препознатлив и да го изгради својот имиџ се потребни неколку години. На светско ниво, новинарите, уредниците, агентите се тие кои ги препознаваат талентите и на тој начин работите стигаат во вистински раце. Кај нас работите се поинакви. Малата и скромна сцена се развива на начин на кој поединецот дизајнер се обраќа директно на своите потенцијални клиенти, и на тој начин нема многу опции за поголема присутност и препознатливост во средината. Кои се модните куќи што се отворени за соработка со млади, нови или не толку светски етаблирани модни дизајнери? Во рамки на македонската текстилна индустрија во моментов има мал број на модни куќи. Тие најчесто се бават со конфекциско производство кое главно е наменето за потребите на деловните жени. Мојот став е дека на младите дизајнери им е потребно почетно работно искуство во поголеми производствени системи за да се доближат до индустријата и да стекнат искуство во професијата. И ја поздравувам поголемата соработки помеѓу индустријата и дизајнерите, затоа што тоа придонесува за поквалитетни домашни производи, ја подигнува свеста за домашниот производ, и ја зајакнува домашната модна сцена. Што би ја посоветувале (од естетски, моден аспект) македонската жена? Стилот и естетиката не е врзан само со облеката и модата. Стилот е личниот избор и став кон се она што го исполнува нашето секојдневие: како го уредуваме домот, како се однесуваме, што јадеме и како го градиме односот со опкружувањето. Облеката и модата се само мал дел од целата приказна. Жена со стил е жена која се познава себе си и на најдобар начин визуелно се претставува, преку внимателно и соодветно избрани модни парчиња и модни додатоци, кои создаваат балансиран, изгладен и рафиниран имиџ....
Повеќето луѓе не се психопати, напротив, сакаат да излезат од вителот, но и да не ги повредат останатите.
јануари 6, 2021
Актуелно / Избор на уредникот / Интервју / Филм
Повеќето луѓе не се психопати, напротив, сакаат да излезат од вителот, но и да не ги повредат останатите. Иако поминаа неколку години, македонската публика, со радост го очекува да го гледа и на телевизиските програми. Последен пат се прикажуваше за оваа Нова година, а вљубениците во филмот не ја пропуштија шансата пак да го впијат ова филмско дело. За филмот “Исцелител” не зборуваа само македонските медиуми и не остана само во срцето на македонската публика. За филмот, објавија рецензии и светските филмски медиуми, како „Холивуд репортер“, „Варајети“, „Синеуропа“ и други.Најголемиот шарм на филмот “Исцелител” се непретенциозноста и искреноста, филм што балансира меѓу семејна драма, црна комедија и социјален коментар. Публиката вистински го сака, го дочека со овации и воодушевување на премиерата на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, а не беше помалку прифатен и на Солунскиот филмски фестивал, каде што ја доби наградата Фишер од публиката, прва награда од ваков тип, за македонски филм.Мотивацијата за да го сними овој филм е страшната состојба на македонскиот здравствен систем, премрежјата на еден млад човек што се обидува да го спаси својот родител од рак, барајќи алтернативни методи на лекување со канабис, при што влегува во низа неволји со локалните дилери и соседите што започнуваат да го сметаат за “исцелител”. Со Ѓорче зборувавме за создавањето на филмот. За неговите премрежја, како режисер, сценарист и продуцент, да го донесе ова филмско дело пред македонската публика. Што е она што “Исцелител” го направи толку посебен за македонската публика па посетеноста беше во толку голем број? Не сум сигурен дали беше една работа. Веројатно спој на повеќе. Прво филмот зборува за обичниот човек кој се мачи со проблеми како распаднатото здравство, корупцијата и криминалот, почувствувани од повеќето луѓе кои живеат на овие диви простори. Дополнително, главниот јунак се обидува да излезе од тој негов лавиринт на еден мирољубив начин, без да повреди никого, што исто резонира со гледачите. Иако се растргнати со проблемите што ги имаат, а насилството понекогаш изгледа како ефикасен начин на решавање на проблемите, повеќето луѓе не се психопати, напротив, сакаат да излезат од вителот, но и да не ги повредат останатите. И на крај, за гледаноста дополнително беше клучна семејната приказна. Кој човек нема нешто да раскаже за своето семејство? Што ти падна најтешко во врска со создавањето на филмот? Изгледаше како да нема крај. Во стил на познатиот парадокс на Зенон, се чувствував како филмот да тргнал неколку стотина метри пред мене, а јас иако сум побрз, во моментот кога ќе стигнам до точката каде што тој се наоѓаше претходно, сфаќам дека тој поминал некакво мало растојание и сега не ми е на дофат. Потоа повторно ќе дадам сè од себе и навидум брзо ќе ја надоместам неговата предност, меѓутоа кога ќе стигнам таму каде беше пред малку, гледам дека сепак филмот се поместил уште една педа и така до недоглед. Како режисер и продуцент на филмот, најголемиот товар, финансиски и креативен падна на мојот грб. Јас бев гарантот на филмот, осигурителната полиса и не можев во ниеден миг да исчезнам од неговиот живот. Тоа ме истроши. Што ти беше најубавиот момент во врска со филмот? Моментот кога заврши снимањето на филмот за мене беше најубавиот момент од целиот процес. Многу се плашев од снимањето. Години пред да ја удриме првата клапа, ми го земаше сонот. Тоа е толку деликатен и комплициран потфат и многу нешта може да скршнат во погрешна насока. Прво, многу е скапо и тешко да се придвижи целата машинерија наречена снимање на игран филм. И кога ќе тргне, за жал, колку и да се добри подготовките, не зависи сè од тебе. Може да не се погодат временските прилики, може да се случат технички проблеми, здравствени, секакви. За среќа сè помина во најдобар можен ред и јас бев пресреќен. На што се должат многубројните награди во светот? Постои ли формула за да се создаде успешно филмско дело? Не мислам дека има формула. Често го гледаме тоа во Холивуд. И покрај нивниот шаблонски начин на раскажување кој би требало да предвиди успех, често се случува некој филм неочекувано да блесне иако никој не му давал сериозни шанси на почетокот. И обратно, постојат бројни филмови кои на хартија ветуваат успех заради нивниот избор на актери, големиот буџет и поддршката од големите дистрибуциски студија, а сепак филмот доживува неуспех на крај. Што те инспирираше да го снимиш филмот? Сметаш ли дека филмот има социјален импакт кога станува збор за лекувањето со канабис, во смисла менување на свеста кај јавноста во однос на растението? Инспирација ми беше животот кој го гледав околу мене. На пример се мачев со сериозни стомачни проблеми со месеци и движејќи се низ институциите јасно го видов распадот на македонското здравство. И тоа ме заболе. Носам и семејни лузни, израснат со самохрана мајка која се бореше со сиромаштијата, неправдите и патријархалното балканско размислување и тоа беше основата за семејната драма меѓу синот и таткото. Во однос на второто прашање, да бидам искрен не сум сигурен колку филмот ја смени перцепцијата за користењето на марихуаната. Знам неколку пријатели кои ми пренесоа дека филмот дефинитивно го сменил односот на нивните постари родители. Можеби поради хуморот и лесниот пристап, по гледањето на филмот тие веќе не гледаат осудувачки кон корисниците на марихуана. Еден другар дури ми спомна дека татко му се осмелил да проба џоинт на некоја домашна забава и убаво си поминал, се смеел и играл цела вечер. Дали успехот на “Исцелител” ти отвори врати за полесно остварување на идни проекти? Успехот има позитивни, но и негативни ефекти. Можам полесно да најдам пари, меѓутоа сум во зона на внимание. Очекувањата знаат да натежнат и да бидат дополнителен проблем. Со „Исцелител“ делував под радар да речам. Бев ослободен од големи очекувања. Сега очите се свртени кон мене и тоа ми пречи. Дали нешто му недостига на македонскиот филм? Би сакал да видам повеќе средства за развој на сценарија. Во оваа земја режисерите и сценаристите се принудени да работат друго за да преживеат. Веројатно како и повеќето. Меѓутоа има побарување за приказни. Сведоци сме на наплив млади режисери, кои имаат што да кажат, со свежи и храбри приказни кои освојуваат успеси на светските фестивали. Убаво би било да се искористи целиот тој успех и да се вложи таму кај што е најпотребно: во генерирање на идеи за филмови. Се надевам ќе се сменат работите и ќе се создаде издвоен буџет за развој на филмови. Ни спремаш ли нешто ново? Да. Еден долг филм, еден краток и многу фотографии. Очекувајте ме....
Токсични семејства
јануари 2, 2021
Актуелно / Психологија
Нарушувањата на личноста, иако бараат психијатриски третман, ретко се видливи за надворешната околина. Честопати овие личности дури се и угледни граѓани во општеството. Имаат добра работа, немаат “испади” во психолошка смисла, прават се како и еден најобичен човек. Но, во домот, овие особини се видливи за најблиските, а особено страдаат децата. Сопружниците на овие личности, знаат дека нешто навистина “не е во ред” со нивниот партнер. И тие, како и другите луѓе, биле излажани од “надворешната нормалност” на овие луѓе, па дури и стапиле во брак бидејќи сметале дека “чудниот темперамент” е дел од личноста на нивниот партнер, а не сериозно психолошко нарушување. Ако во семејство има нарцисоиден систем на вредности, најверојатно децата ќе ги прифатат тие стандарди на однесување заради мешавина од следниве фактори: Децата сакаат да ги задоволат своите родители (особено родител со нарушување на личноста, бидејќи родител со таков психолошки проблем, не може да се задоволи со ништо) Малите деца ги гледаат своите родители како сезнаечки Бог (бидејќи овие родители имаат природно отсуство на емпатија тие и не препознаваат дека некое однесување му штети на нивното дете, дури и некој тоа да им го каже, тоа ништо нема да промени, едноставно нема да им биде гајле) Децата не сакаат да бидат прекорувани и казнувани. Ако родителите се нарцисоидни, веројатно во семејството има ригидна хиерархија, родители со вакви нарушувања се многу насочени кон статусот и достигнувањата (свои, на партнерот и на децата) Овие родители, малку е веројатно дека ќе го научат своето дете на сочувство (бидејќи децата учат индиректно, гледајќи ги своите родители), а речиси е невозможно дека некогаш во вакви домови ќе биде наградена емпатијата на детето. Кај луѓето со психолошко нарушување на личноста, особено нарцисоидното нарушување, емпатијата се смета за слабост, честопати емпатијата кај децата во вакви семејства е на исклучително високо ниво (заради страдањето што секојдневно го трпат) и неретко, кога ќе пораснат, завршуваат во партнерства со луѓе со исто вакво нарушување бидејќи се пораснати на тој начин и никогаш не спознале љубов во вистинска смисла. Љубовта е условена: во овој тип на семејство, не постои такво нешто како безрезервна љубов. Да се сака безусловно значи да прифатиш човечко суштетство целокупно, комплетно – со сите маани и доблести. Наместо тоа, децата на нарцисоидни родители се чувствуваат сакано само кога им се допаѓаат и им угодуваат на своите родители, во спротивно не се сакани. Во зависност од подвидот на родителот со нарцисоидно нарушување, така и односот кон детето е различен, но со еднакво ужасни последици. Сите нарциси ги девалвираат или идеализираат (истовремено) своите деца, значи истото дете денес е совршено, а утре е ужасно. Но, има разлика како им се “осветуваат” за несовршеноста на своите деца. На пример, малигните нарцисоидни родители уживаат да ја уништуваат самодовербата на своите деца, додека егзибиционистичките нарциси ги ценат високите достигнувања и тие може да ги наградат своите деца со позитивно внимание САМО кога достигнувањата на детето добро се одразуваат на семејството и го зголемуваат угледот на родителите (пример: мора секогаш да се однесуваш перфектно, мора да имаш само петки, мора да освоиш прво место на детскиот натпревар, ако не ги правиш овие работи – ти си ужасно, неодговорно, невоспитано човечко суштество)Ранливиот (коверт) нарцис како родител се претставува како најдобар пријател на своето дете, а всушност претпочита пасивно- агресивна тактика за да ги контролира, доминира, владее и казнува другите (и своето дете). На пример ова се родители што честопати “не му зборуваат на своето дете” со цел да научи да не прави грешки. Ова се родители што вршат “gaslight” како омилена тактика, гаслајтингот претставува убедување на детето дека нешто не е како што тоа видело, чуло, почувствувало итн. туку е како што родителот вели дека е! Ова е родител што честопати е “болен” или “не му е добро” ако детето (и останатите членови на семејството) не прави како што му е наредено. Овој родител ги злоставува своите деца на најбрутален и подмолен начин и децата може до крајот на животот да мислат дека нивниот родител бил најдобрата личност што постои, не сфаќајќи дека проблемите што ги имаат како возрасни произлегуваат од долгото психолошко и емотивно злоставување како деца. Коверт нарцисите најчесто имаат агресивен партнер (што ги врши нивните “валкани работи”) за тие да останат “светци” во очите на околината, од партнерот се очекува да влезе во конфликт со околината, да ги тортурира децата ако се непослушни и сето тоа коверт нарцисот го изведува многу затскриено со тактики што буквално треба човек да е таен агент, за да сфати, открие. Честопати нивниот партнер (иако агресивен или со проблеми на контрола врз импулсите) има емпатија и има многу полесно решлив психолошки проблем од нарцисот, но останувањето во врска со нарцисот, за жал, резултира во целоживотно неработење на себе, не посетуваат терапија и остануваат со (честопати дури и лесно) решлив психолошки проблем. Ниту еден нарцис не би сакал да биде во долга врска или брак со некој без емпатија (тие немаат емпатија и потребно им е да се “хранат” од емпатијата на партнерот)Да се видат двајца нарциси во врска е возможно, но исклучително ретко. Едноставно никој нема да обезбедува “душевна храна” и овие врски обично се краткотрајни. Најчеста комбинација е на нарцисоиден партнер со емпатичен, но агресивен партнер или партнер со друго психолошко нарушување. Коверт нарцисот (и општо нарцисите) не мислат дека имаат психолошки проблем, тие сметаат дека се богови, независно што ковертот гледа дека околината не се согласува со тоа. Психолозите честопати упатуваат дека највидливо нарушување на личноста е нарцизмот, ако сте многу внимателни, бидејќи од овие личности ќе слушнете дека другите луѓе се “глупави, не се доволно едуцирани, не знаат ништо, никој не може да ви помогне, се во животот се постигнува сам” и така натаму. Коверт (ранливите) нарциси ја совладуваат микроагресијата. По дефиниција, нарцисоидната личност е компетитивна, завидлива и склона кон непријателски напади. За разлика од очигледната агресија на класичниот нарцис, ранливиот нарцис како родител користи микроагресии преправени како надзор, замерки, хумор (сарказам), навидум помош или грижливост. За детето овој третман создава многу поужасна атмосфера за живеење (иако невидлива за надворешниот свет) од децата што имаат агресивни родители (проблеми со контрола на импулси), зависници или родители со биполарно растројство. Тоа е така бидејќи за надворешната околина (поширокото семејство) овие, горенаведени нарушувања се видливи, па и разбирањето и поддршката се возможни. Децата со нарцисоидни родители се оставени сами на себе, бидејќи околината смета дека нивните семејства се “совршени”. Само терапевт или обучен социјален работник, може да ја открие вистинската атмосфера во која растат овие дечиња. ...
Компатибилност во една врска
декември 3, 2020
Љубов / Актуелно / Духовна гимнастика
Колку е важна компатибилноста за успешно партнерство? Психолозите веќе со децении се обидуваат да ја најдат тајната состојка на успешното партнерство. Д-р Тед Хадсон од Универзитетот во Тексас направил опсежна студија со парови кои биле во брак (или заедно живееле) со години и во своето истражување открил нешто прилично изненадувачко. Д-р Хадсон објаснува: „Моето истражување покажува дека нема разлика во објективната компатибилност помеѓу оние парови кои се несреќни и оние кои се среќни“. Д-р Хадсон вели дека паровите што чувствуваат задоволство и топлина во односот со својот партнер, велат дека компатибилноста не им претставува проблем. Всушност, тие рекоа дека самите луѓе прават врската да функционира, а не компатибилноста на нивните личности. Но, кога несреќните парови биле прашани што мислат за компатибилноста, сите одговориле со изјава дека компатибилноста е исклучително важна за бракот. За жал, тие не мислат дека се компатибилни со нивниот партнер. Д-р Хадсон објаснува дека кога несреќните двојки велеле: „ние сме неспоиви“ тие навистина мислеле на: „Не се согласуваме многу добро“.Тогаш, природно е да се појави прашањето околу компатибилноста – секој што е несреќен природно ја обвинува фасадата на компатибилност. Тие не успеваат да сфатат и разберат дека успешната врска не зависи од тоа колку сте слични или различни со партнерот, туку зависи од волјата на секој партнер поединечно да ја гради таа врска, да се инвестира себе си во истата, како и од желбата (или отсуството на желба) да се биде во таа врска.Значи, знаеме дека градењето врска со некого зависи од вас и од другата личност. Сега знаеме и дека нема никаква врска со компатибилноста. Но, ако не можеме да се потпреме на компатибилноста или на некоја стандардна форма на тестирање, за да го најдеме нашиот идеален партнер, тогаш како да го направиме тоа? Професорот Џон Готман, основач на Институтот Готман во Сиетл, вели дека доколку ги знаеме особините на личноста што ни се допаѓа, тоа воопшто не значи дека вистински ќе ја предвидите иднината или успехот на вашата врска. Готман открил дека паровите што својата енергија ја насочуваат кон градење на нешто значајно, заеднички во нивниот живот, имаат тенденција да траат најдолго. Тој вели дека објективно воопшто не е важно кој си или што правиш, туку како зборуваш со својот партнер (дали си сосема свој и опуштен со својот партнер), колку добро се согласувате за разновидни теми и дали гледате во ист правец додека се движите низ времето заедно.Готман продолжува и вели дека вашиот партнер треба да ги поддржува вашите животни соништа. Тој/таа треба да ве гледа со восхит и почит. Сега ова звучи идеално, но кога навистина размислувате за тоа како отсекогаш сте сакале да ве третираат, најважно е да имате некој што искрено така ве доживува. Секако чувството треба да е обострано. Не постои магична формула, ниту перфектен алгоритам за да имате успешна и емотивно богата врска со друго човечко суштество. Оние мали работи, што секако не се ни половина од тоа што е потребно за вистинско взаемно припаѓање е да сметате дека вашиот партнер/ка е атрактивен/а, да им се восхитувате, да имате силно чувство на блискост, но, за жал, само тоа не е доволно.Следниот пат, кога ќе почувствувате вљубеност, обрнете внимание на тоа дали партнерот може да ја види вашата замисла за животот, да разбере за што сонувате. Ако природно го споделува тоа ваше задоволство и тој/таа може да ве прифати за тоа што сте денес, а не за тоа што ќе бидете утре, тогаш сте нашле нешто што навистина вреди....
Јога за ослободување од стрес
јануари 22, 2021
Актуелно / Вежбање
Во реалниот живот, сите ние сме изложени на некаков стрес – стрес предизвикан на работно место, во семејното опкружување, патување и слично. Кога сме под стрес срцето ни чука забрзано, мускулите се напнати, крвниот притисок расте, здивот ни станува брз и плиток. Нашите сетила стануваат изострени, умот е преоптоварен. Ова не е состојба во која сакаме да останеме подолго време. Јогата претставува алатка преку која може да научиме да го ублажиме секојдневниот стрес, да научиме како да ги смириме телото и умот, да живееме посмирено и порелаксирано, да го уживаме и вреднуваме секој здив. Дури и ако понекогаш изгледа невозможно, обиди се да одвоиш 10-15 минути од денот за себе, било да е тоа на утро или на крајот од денот. Јога-положби што помагаат за намалување на стресот: 1. Преклопување напред Почнуваме со седечка положба, со споени нозе и раце до телото. Дишеме длабоко, го смируваме здивот, го издолжуваме секое вдишување и секое издишување. Може благо да ги свиткаме колената. Вовлекувајќи го долниот дел од абдоменот, правиме повеќе простор во половината за подлабоко преклопување. Со вдишување посегнуваме со дланките кон стапала или потколениците. Пробуваме да го издолжиме ’рбетот со тоа што круната од главата влече кон стапала, а рамената ги враќаме назад подалеку од ушите. Остануваме така 10 долги дишења. Здивот нека остане проточен и издолжен. Оваа положба се смета за една од најдобрите положби за целокупно заздравување на цело тело – од главата до врвот на прстите. – Го смирува умот,намалува главоболка и анксиозност – Ги намалува стресот, заморот, се тврди дека дејствува терапевтски за висок крвен притисок – Го издолжува ’рбетот и ги отпушта задните ложи Ја стимулира работата на бубрезите и на црниот дроб. 2. Поза на дете Почнуваме од поза на масичка, со дланките на под во ширина на рамената и со колената на под во ширина на колковите. Ги спуштаме колковите кон петиците, стапалата може да останат споени или да се раздвојат. Со дланките шетаме напред обидувајќи се да ги спуштиме градите и челото кон подот. Му дозволуваме на телото целосно да се отпушти. Го насочуваме вниманието на здивот, остануваме тука 10 долги дишења или подолго. Главниот анатомски фокус е на бутовите. – Корисна е за ублажување на тензија во колковите, рамената и во вратот. – Го истегнува долниот дел на ’рбетот, релаксира, намалува главоболка – Ја подобрува циркулацијата на крвта – Ослободува од стрес во градите и во грбот. 3. Поза на крава и на мачка Уште еднаш почнуваме од поза на масичка, ги активираме стомачните мускули. Со вдишување, отвораме гради и рамена, а папокот го спуштаме кон подот. Вратот е издолжен, абдоменот останува активен. Полека течно преминуваме од поза на крава во поза на мачка. Со издишување, го заоблуваме ’рбетот и ја приближуваме брадата кон гради, сè уште држиме активен абдомен, влечеме со ’рбетот нагоре. Му дозволуваме на здивот да нè води низ овие две положби, се движиме низ овој проток сè додека се чувствуваме удобно. Со комбинација од овие две положби, движеќи се свесно од едната кон другата му овозможуваме на ’рбетот нежна масажа и ги отпуштаме мускулите поо должината на ’рбетот. – Се подобруваат рамнотежата и држењето на телото, создава емоционална рамнотежа – Ги масира внатрешните органи, го зајакнува ’рбетот и ја зголемува флексибилноста во вратот и во рамената. Помага при болки во долниот дел од грбот. 4. Среќно бебе Почнуваме во лежечка положба, ги приближуваме колената до градите со тоа што ги фаќаме палците од стапала со показалеците и со средените пртси од дланките, а лактите ги носиме од внатрешна страна на колена. Ги повлекуваме нозете нежно кон подот и се обидуваме долниот дел од грбот (опавчето) да остане целосно на подот. Нежно луламе лево-десно. Остануваме колку што ни е потребно. Основна поза за истегнување на внатрешните бутови, препони како и задниот дел на нозете. – Намалува болка во долниот дел од грбот – Ги намалува стресот и заморот Особено е корисна за олеснување или за декомпресија на сакрумот, односно на долниот дел, крајот на ’рбетот. 5. Нозе на ѕид Легнуваме до ѕид, ги приближуваме седечките коски што поблиску до ѕидот, со кренати нозе, исто така, доиближени до ѕидот. Убаво и пријатно сместете се. Секогаш може да ставиме ќебе под колковите ако чувствуваме притисок. Ги затвораме очите и му дозволуваме на телото да се отпушти, умот да се испразни, ослободи од сите мисли и грижи. Остани колку што ти е потребно. – Моќна ресторативна положба – Го забавува отчукувањето на срцето – Го смирува нервниот систем – Ги одмора нозете и стапалата, ги ублажува отечените глуждови и проширените вени – Помага при ублажување на менструални болки и грчеви – Го регулира протокот на крвта. Дозволи си себеси едно вакво отпуштање после долг и напорен ден. Почувствувај ги благодетите и придобивките од јогата. Јогата нè учи да се сакаме себеси и да се прифатиме онакви какви што сме. Да водиме грижа за нашите тело и ум. Да развиеме чувство на свесност во нас и околу нас. Да го цениме секој здив. Намасте! Марина Стојкоска Сертифициран јога-учител...
Комплексен роман за судбината на три генерации од едно семејство
јануари 4, 2021
Актуелно / Литература
„Смоква“ е досега најкомплексниот и најзрел роман на Војновиќ, значително поинтимен, фокусиран на судбината на три генерации од едно семејство, битно обележан со некогашната заедничка држава и со нејзиниот распад. Како и сите претходни романи, така и овој ги надминува границите на матичната словенечка книжевност, првенствено поради темите со кои се занимава, поради јазикот со кој се служи и поради сместеноста на фабулата, но и поради преокупацијата сопрашањето на идентитетот и на неговото создавање. „Смоква“ врие од силни, но прикриени емоции, а од сочниот и презреан медитерански плод, кој пука по шевовите, капе семејната сага во која се преплетуваат судбини, љубови, неостварени желби и суровите реалности од нашите животи. За овој роман авторот по трет пат ја доби наградата „Кресник“ во Словенија. Горан Војновиќ (1980, Љубљана) е словенечки режисер, писател и колумнист. Автор е на романите: Јужњаци, надвор! (2008), Југославија, моја дежела (2012), и Смоква(2016.) За секој од овие романи ја добива престижната „Кресникова награда“. Романот “Смоква” на Горан Војновиќ...
Само среќен родител може да одгледа среќно дете.
декември 3, 2020
Актуелно / Духовна гимнастика / Психологија
Многупати во популарната култура, особено помеѓу моќните и славни личности, слушаме за борбата што ја имале во животот, за да го постигнат успехот што го уживаат во моментот. Од друга страна пак, затекнати сме кога ќе видиме како дел, од истите овие личности, се борат со зависности, тешки депресии, ментални растројства, криминални дејствија, напаѓаат, злоставуваат итн. На крајот на денот, изгледа и покрај успехот, тие моќни луѓе, длабоко во себе не биле среќни. Прашањето изгледа нема да престанеме да го поставуваме, се додека постои човештвото, каде лежи тој еликсир, семе на среќата. Многу истражувања упатуваат на раното детство и топлината на семејната атмосфера во која расте и се развива едно детенце. Ама сето тоа е толку воопштено, што многу семејства ни самите не разбираат што значи топлина. Потрошувачкото општество, пак, одмага во процесот. Топлина е наредена елка за Божиќ. Топлина е семеен ручек. Топлина се 100 денари за Коледе. Топлина е семеен годишен одмор.За жал НЕ. Горенаведеното е само атмосфера на топлина, но не и топлина. Многу луѓе ги мешаат поимите атмосфера и реален настан.Топлината е реален настан.Топлината доаѓа од друго човечко суштество и е независна од атмосфера.Топлината е родител што му обрнува внимание (вистински) на сопственото дете, ја валоризира неговата работа, смешниот цртеж со искривена куќа, добиената оценка (било каква) по предметот на кој детето му посветило внимание. Седмото место на трката со велосипеди. Топлата прегратка кога детето е тажно. Обожување на детето затоа што е само човек, и ништо повеќе, затоа што постои, а тоа на родителот му е доволно.Емпатија. За жал, во дефицит, во овие нарцистични децении. Се повеќе луѓе клинички страдаат од недостаток на емпатија, кога се вели клинички – се мисли на ДСМ прирачникот за психијатриски заболувања каде што веќе се лоцирани сериозни ментални нарушувања кај населението, каде што број еден показател на нарушувањето е токму недостаток на емпатија. Дали ова може да се промени? Да, новите генерации, доколку го освестат она исконско, човечно чувство на взаемна поврзаност, имаат шанса да одгледаат многу посреќни генерации. За старите генерации, за жал, психолозите и социјалните работници не гледаат спас.Новите генерации, работејќи на себе, на споствениот внатрешен свет, допирот со она што е вистинско и автентично внатре, може да ги променат негативните патерни наметнати од нивните родители и воопшто предци. Менување на перцепцијата околу она што е важно во животот.Материјалната сигурност? Секако дека не, важна е љубовта.Од љубов не се живее. – ќе речат гласовите од минатото, што, доколку погледнеме реално, ниту го подобрија светот, ниту помогнаа за некоја духовна еволуција на човекот. Без љубов не се живее, без топлина не се живее, без меѓусебна поврзаност не се живее.Зарем би можеле да замислиме човек што е полн со љубов, топлина, поврзан со своите најблиски да страда за парче леб. Таков човек не постои.А токму децата пораснати со оваа лага, дека материјалната сигурност е најважна, се оние на почетокот на овој текст, оние моќни и успешни зависници, депресивци, криминалци, злоставувачи и растроени индивидуалци.Вистината е дека материјална сигурност всушност никогаш не постои, во смисла на конзистентност, ама затоа, апсолутно постои конзистентноста и сигурноста на човечкиот вредносен систем, втемелен во ултимативната вредност – љубовта....
Здравствените придобивки на куркумата
декември 9, 2020
Актуелно / Здравје
Куркумата се појавува насекаде во последните неколку години – од зачинување на смути и пржени компири до боење кари, супи, па дури и чаеви. Потекнува од стеблото на растението Curcuma longa, а потоа се меле во прав,историски најупотребувана е во Индија каде што постои илјадници години. Многу култури ја користеле куркумата за готвење, а има и религиозно значење. Се употребувала и во традиционални медицински цели, како што е на пример: лекување на посекотини и изгореници, ублажување на мачнини, подобрување на циркулацијата на крвта и лекување на настинка. Но, дали златно жолтиот прав навистина е лековит?Одговорот е: Да, навистина може да помогне. Куркумата содржи соединение наречено куркумин, што содржи антиинфламаторни својства, според нутриционистката Натали Рицо куркумата може да биде корисна во спречување на хронични воспаленија, што се главен причинител за артритис, воспалителни заболувања на зглобовите; депресија и анксиозност, срцеви заболувања, каде што честопати имаат удел таложењата на масни плаки во артериите и на крај рак, каде што воспаленијата играат голема улога во прогресијата на туморот. Куркумата е корисна за многу аспекти на нашето целокупно здравје. „Има позитивни ефекти врз функцијата на мозокот и кардиоваскуларното здравје, може да ја прекине нормалната прогресија на клетките на ракот и да помогне во забавување на стареењето“, вели Липман.Студијата за бенефитите од куркумин од 2018 година објавена во „Американскиот журнал за геријатриска психијатрија“ открива дека кога учесниците земале 90 милиграми куркумин два пати на ден, виделе подобрувања во нивните меморија, фокусот и обемот на вниманието”. Учесниците во студијата имале когнитивни придобивки што се поврзани со намалување на акумулацијата на плаки и замастеност во мозочните региони што го модулираат расположението и меморијата“, се наведува во студијата....
Роботика: Роботи помошници
декември 2, 2020
Актуелно / Технологија
Роботика: Она што малкумина го знаат е дека во светот веќе се произведуваат роботи што се програмирани да му помагаат на човекот во секојдневните обврски. Покрај чистењето, носење на работи од една точка до друга, роботите имаат се посложени “обврски” односно се програмираат за извршување на се посложени задачи.Така, на пример, роботот Каспар е хуманоиден робот со големина на дете и е програмиран да им помага на учителите и родителите на деца со аутизам Понатаму, во лабараториите каде што се тестира производство на роботи сега фокусот е ставен на старите и болни лица, што имаат постојана потреба од надзор и помош. Така Кер-О-бот е произведен токму со таа намена. Овој робот умее да го придружува човекот, да му помогне во кујната, а потоа и да го придружи назад до дневната соба. Може да носи чаша вода на неговиот екран на допир, превртен за да служи како послужавник.Роботот тивко се движи, така што се лизга во сите правци, на невидливи тркала, умее и да забавува така што знае да изведе пируета – одлично лоцирајќи ги сите луѓе и предмети околу него (и подвижни и неподвижни). Ја подав и ја мести чашата прецизно на своето место.Опремен е со сензори и камери, така што веднаш детектира доколку тече вода од некоја чешма, врши мониторинг на сите куќни апарати, врати во куќите, прозорци, движење, итн.За жал, роботот се уште не умее да прави поважни работи за лицата што не се во можност да се грижат за својот дом – чистење и облекување. Овие две функции изгледа е најсложено да се изведат во механичка форма. Керстин Даутенхан, од роботската куќа Хетфилд, е професор по вештачка интелигенција на катедрата за компјутерски науки на Универзитетот во Хертфордшир. „Ние сме заинтересирани да им помогнеме на луѓето кои сè уште живеат во своите домови, да останат таму, да бидат независни што е можно подолго“, вели таа. Нејзините роботи не се изградени за да бидат придружници, но таа препознава дека тие, до одреден степен, ќе станат придружници на луѓето што ќе ги користат....
Скен на мозокот покажал дека дел од нас останува “ЈАС” до крајот на животот.
јануари 14, 2021
Актуелно / Живот
Во самата срж на нашиот идентитет, јадрото на самосвест ги комбинира спомените од минатото со минливите сензации на сегашноста и додава допир на исчекување на иднината. Прашањето дали ова постојано чувство за „ЈАС“ е толку силно, колку што се чувствува, ги интригирало филозофите и психолозите низ многу векови. Во една нова,мала, психобиолошка студија, каде што се набљудувал скен гледа на мозокот се донело заклучок, дека барем некој дел од нас е навистина конзистентен додека растеме и старееме. “Во ова истражување, постои обид да се одговори на прашањето дали сме иста личност во текот на нашиот живот“, вели Мигел Рубианес, невролог од Универзитетот Комплутенсе во Мадрид. “Во врска со претходната литература, нашите резултати покажуваат дека постои компонента што останува стабилна, додека друг дел е подложен на промена со текот на времето.” Сaмоконтинуитетот ја формира самата основа на идентитетот. Секојпат кога ќе го употребите зборот „Јас“, се повикувате на нишка што спојува серија искуства во таписеријата на целиот ваш живот, што претставува врска помеѓу јас на вашата младост и онаа што допрва ќе се појави. Сепак, идентитетот е повеќе од збирот на неговите делови. Размислете за алегоријата на бродот на Тезеј, или парадоксот на секирата на дедото – алатка на која и било заменето вратилото, како и главата, но сепак е некако останала да биде истата секира што му припаѓала на дедото. Ако нашите искуства нè променат, менувајќи ги компонентите на нашиот идентитет со секое кршење на срцето и секое унапредување, секоја болест и секое невреме, дали навистина можеме да кажеме дека денес се гледаме како истата личност, како и кога сме биле на четиригодишна возраст? Иако ова звучи повеќе како филозофско гледање на на нешто, што сепак, можеби може да го реши науката. Рубианес и неговиот тим се фокусираа првенствено на претходни истражувања во неврологијата што се занимава со препознавање лица, а тие сугерираат дека визуелното самопрепознавање функционира како индикатор за создавање врска со нечиј впечаток за себе. Утврдувањето на вклучените видови невролошки активности може да му каже на човекот (кога гледа на пример фотографија од себеси) дали едноставно сме поттикнати од препознавање на сопственото лице, како средба со стар пријател или во тој момент, ние навистина остваруваме вистинска врска со ЈАС што е претставено на фотографијата, и во минатото и во сегашноста. За да го одработи ова, тимот спроведе задача за препознавање на сопственото лоце, во кое учествувала група од 20 студенти. На секој студент им биле презентирани 27 слики, вклучително и слики од сопственото лице, лицето на близок пријател и непознатото лице, сите во различни животни фази. Секоја слика се појавувала на екранот по една секунда, за време на која учесникот треба да притисне копче, за да идентификува кого гледа: себе, пријател или странец. Вториот експеримент бил да се идентификува животната фаза на лицето: дали се работи за детство, адолесценција или зрелост. Во меѓувреме, десетици електроди работат со избирање на мешавина од мозочни бранови што зуела од нивната сива материја, научниците создале мапа на активност. Таа мапа и времето на одговорите на учесниците, силно сугерираат дека нашиот впечаток за себе – тоа чувство на „јас“ – се ажурира во текот на целиот наш живот, давајќи му стабилност. Ние навистина го обработуваме тој портрет, несвесно ги обработуваме празнините од четврто одделение, така што фомираме позна слика на дете што ги споделува нашите спомени. Студијата откри и интересни сличности во тоа како ги обработуваме впечатоците од нашето минато ЈАС и од нашиот близок пријател, навестувајќи комплексност во тоа како времето може да ги обликува впечатоците и нашиот идентитет. Се разбира, важно е да се напомене дека оваа студија е спроведена на мал примерок (мала група на луѓе) и е далеку од последниот збор на темата. Но, откривањето дека има цврста невролошка основа за нашето чувство за себе, кое е прилагодено од времето и искуството, уредно ги рефлектира другите студии што сугерираат дека има и културни влијанија врз тоа како го перцепираме идентитетот. Значајно е што невролошките описи на специфичните мозочни битови одговорни за сортирање и прецизно одвојување на себеси од странец, може да ни помогнат подобро да разбереме зошто некои луѓе не го делат овој впечаток. Нарушувањата во таа нишка на препознавање често дефинираат услови на посериозни заболувања. „Ова ја демонстрира важноста на основните и клиничките истражувања подеднакво во студијата за улогата на личниот идентитет, бидејќи ова ветува дека ќе биде многу поважен концепт, отколку што се сметаше претходно и може да игра основна улога во процесите на психолошка проценка и интервенција“, вели Рубианес. Ако некои денови се почувствувате дека не сте сигурни во тоа кои сте – бидете сигурни, бидејќи има голема шанса, длабоко во вашиот мозок, секогаш да бидете таму...
Избор на уредникот
Zoom најактуелна платформа во 2020
јануари 20, 2021
Избор на уредникот / Технологија
Многу компании се соочија со големи проблеми во пандемиската 2020 година, многу мораа да затворат еден дел или пак комплетно пропаднаа. Истовремено, некои компании постигнаа неверојатен успех за време на кризата, пред се поврзани со технолошки решенија, од чии услуги станавме уште позависни. Според статистичките податоци, само во периодот од јануари до април 2020 година, на Zoom, платформата која во годината на Ковид стана екстремно популарна, имало две илјади милијарди минути видео повици. За време на пандемијата Zoom направи огромен скок во бројот на корисници, од 10 милиони дневни корисници во декември 2019 година на 300 милиони во април 2020 година. Благодарение на Zoom, бизнис состаноците, конференциите, семинарите, разните видови обуки и настави, продолжија и за време на пандемијата. Според неодамна објавена статија на оваа тема во британскиот весник „Индипендент“, Zoom е најдобар бидејќи е најпристапен и истовремено е бесплатен. Апликацијата FaceTime на Apple, може да ја користат само сопствениците на скапите производи на Apple. Исто така, не бара корисникот да има сметка, како што е случај со апликацијата Google Meet. Ако направиме споредба со апликацијата „Skype“ на „Microsoft“, Zoom е полесен за употреба, особено за оние кои не се многу вешти со компјутерите. Сите овие фактори го направија Zoom многу популарен, па стана мета на хакери, кои лесно следеа состаноци, па дури и ги вознемируваа учесниците. Британската агенција за борба против криминалот и Американското федерално биро за истраги издадоа предупредувања и совети за безбедни видео повици, а Zoom воведе дополнителни мерки за заштита.Работата од дома за време на пандемија натера многу компании да користат апликации како Zoom. Трендот сигурно ќе продолжи и во 2021 година, но веројатно и во годините потоа. Најверојатно популарноста на овој софтвер за видео повици ќе намали кога пандемијата ќе заврши, имајќи предвид дека вредноста на нејзините акции се намали кога беше објавено дека е направена вакцина за Корона вирусот. Сепак, Zoom е сè уште најактуелна платформа од ваков вид и се чини дека уште долго ќе остане на врвот и покрај многуте слични конкурентни платформи. Компанијата сака да ја искористи оваа неочекувана и голема популарност. Плановите на Zoom вклучуваат услуги и апликации за електронска пошта и календар. Со развојот на новите производи, Zoom ќе направи затворен систем на апликации за првенствено деловни корисници, со што влегува на територијата на технолошките гиганти како што се Microsoft и Google, кои исто така нудат апликации и услуги за видео повици, календар и електронска пошта. Една од последиците на Корона вирусот ќе биде преминот на многу компании кон работа од дома или некој хибриден модел, според кој дел од работното време ќе помине во канцеларија, а дел од дома. Според тоа, а имајќи ја предвид потребата за вакви платформи и во другите области, јасно е дека користењето на апликациите како Zoom сè уште ќе биде голема....
Кој ги измислил киселите краставички?
јануари 20, 2021
Избор на уредникот / Храна
Киселите краставички биле измислени во Месопотамија, кога жителите од северна Индија донеле семе од краставица во долината на реката Тигар, а како рецепт се стари повеќе од 4000 години. Месопотамците започнале да ги натопуваат краставичките во кисела саламура, како начин да ги зачуваат. Оттогаш, тие имаат главна улога во културите низ целиот свет, познати по својот интензивен вкус, здравствени придобивки и додаток речиси за секоја пригода. Се шпекулира дека тие биле една од тајните на бесмртната убавина на Клеопатра, таа верувала дека краставичките придонесуваат за нејзиното здравје. Во меѓувреме, Јулиј Цезар и другите римски императори им давале кисели краставички на своите трупи да јадат, верувајќи дека ќе ги направат јаки. Конзервирањето како начин да се зачува храната за употреба, па и надвор од сезоната, како и за долги патувања, било популарно во минатото, особено за морепловците. Иако процесот е измислен за да се зачува храната, киселите краставички се прават и јадат затоа што луѓето, како во минатото, така и денес, уживаат во неверојатниот вкус. Закиселувањето може да ја подобри хранливата вредност на храната со воведување на витамини од групата Б, што произлегуваат од корисните бактерии. Киселите краставички се споменуваат дури и во Библијата, им биле познати на Египќаните, а Аристотел ги пофалил лековитите својатва на киселите краставички. Римјаните увезувале секаква храна од земјите што ги освоиле, ги маринирале во оцет, масло, саламура и понекогаш мед.Меѓу познатите љубители на кисели краставички од историјата се: Јулиј Цезар и Тивериј, кралицата Елизабета Прва од Англија, Америго Веспучи, Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон и Наполеон Бонапарта, и многу други....
Дали навистина знаеме да слушаме?
јануари 18, 2021
Актуелно / Живот / Избор на уредникот
Слушањето е една од најважните вештини што можете да ги имате. Колку добро слушате има големо влијание врз ефективноста на вашата работа и врз квалитетот на вашите односи со другите луѓе околу вас. На пример: Слушаме за да добиеме информации. Слушаме да разбереме. Слушаме за уживање. Слушаме да учиме. Со оглед на целото слушање што го правиме, вие би помислиле дека би биле добри во тоа! Луѓето обично сметаат дека комплетно слушаат и разбираат што им кажуваат останатите. Огромен процент на луѓе дури веруваат дека се одлични слушатели. Всушност, повеќето од нас не се, а истражувањата сугерираат дека се сеќаваме само помеѓу 25 и 50 проценти од она што го слушаме, како што е опишано од „Конусот на искуство“ на Едгар Дејл. Тоа значи дека кога разговарате со вашиот шеф, колеги, клиенти или интимен партнер околу 10 минути, тие (а и вие) обрнуваат внимание на помалку од половина од разговорот.Значи, и вам кога ви се даваат информации или насоки, пораката стигнува до вас само 50 проценти, остатокот се губи. Јасно е дека слушањето е вештина од која сите можеме да имаме корист, доколку ја подобриме. Станувајќи подобар слушател, можете да ја подобрите вашата продуктивност, како и способноста да влијаете, убедувате и да преговарате. Уште повеќе, ќе избегнете конфликти и недоразбирања. А се ова е неопходно за подобрување на резултатите на секој човек, како на работното место, така и во комуникација со блиските и пријателите. Начинот да ги подобрите вашите вештини за слушање е да вежбате „активно слушање“. На тој начин се вложува свесен напор да ги слушнете не само зборовите што друго лице ви ги кажува, туку што е уште поважно, целосната порака што се соопштува. За да го направите ова, мора многу внимателно да обрнете внимание на другата личност.Не можете да дозволите да бидете расеани, да размислувате за нештата што се случуваат од околу вас, или да размислувате како да дебатирате или формирате контрааргументи, додека другата личност сè уште зборува. Ниту, пак, можете да си дозволите да се досадувате и да изгубите фокус на она што го зборува другата личност.За да ги подобрите вашите вештини за слушање, треба да и дадете до знаење на другата личност дека слушате што зборува таа.За да ја разберете важноста на ова, запрашајте се дали некогаш сте биле вклучени во разговор кога сте се запрашале дали другата личност слуша што зборувате. Се прашувате дали вашата порака се шири, или дали е дури и вредно да продолжите да зборувате. Се чувствува како да зборувате со ѕид од тули, тоа е нешто што секој човек сака да го избегне. Потребна е голема концентрација и одлучност да се биде активен слушател. Старите навики тешко се напуштаат, и ако вашите вештини за слушање се лоши како што се многу луѓе, тогаш ќе треба да работите многу за да ги напуштите овие лоши навики. Постојат пет клучни техники што човек може да ги користи, за да ги развие активните вештини за слушање: 1. Внимавање на она што го кажува говорникот.2. Покажување дека слушате.3. Обезбедување повратна информација.4. Одложување пресуда.5. Соодветно одговарање на конкретно поставените прашања. Одговори соодветн Со користење активни техники за слушање се станува подобар комуникатор, само на тој начин се подобрува продуктивноста на работното место и се развиваат подобри меѓучовечки односи....
Minеcraft омилена видео игра
јануари 11, 2021
Избор на уредникот / Технологија
Најпродаваната видео игра за минатата година е Minecraft, според гејминг листите за 2020 година.Истовремено, Minecraft е на врвот на листата на YouTube, на најгледани игри за 2020 годин Видеo играта на Мајкрософт има 201 милијарди прегледи оваа година, а Роблокс беше втор со 75 милијарди прегледи. Оваа неверојатно популарна игра има по 126 милиони играчи месечно. И покрај тоа што постои веќе 11 години, Minecraft е неприкосновено на врвот. Создадена од Mojang Studios што ги купи Мајкрософт, пред речиси шест години за 2,5 милијарди долари, а во тоа време, играта веќе беше продадена во повеќе од 50 милиони копии за компјутер, Xbox 360, PS3 и други платформи. Се смета дека ова е една од попаметните инвестиции на Мајкрософт, а неверојатниот раст на продажбата, од тој момент, па до денес, ги задржува играчите да се навраќаат на оваа игра, веќе со години. Minecraft е започната како домашен проект, дистрибуиран првично како Java аплет на веб-форум. Играта брзо ја долови фантазијата на илјадници гејмери што го обожаваат концептот на оваа инди-игра, која им дозволува на играчите да формираат средина со изработка и градење на конструкции од блокови. Играта создаде огромна заедница, истовремено и активно советување на YouTube за тоа како да се игра Minecraft. На овие видеа, редовно се споделуваат разновидни совети помеѓу милиони гледачи од сите делови на светот....
Повеќето луѓе не се психопати, напротив, сакаат да излезат од вителот, но и да не ги повредат останатите.
јануари 6, 2021
Актуелно / Избор на уредникот / Интервју / Филм
Повеќето луѓе не се психопати, напротив, сакаат да излезат од вителот, но и да не ги повредат останатите. Иако поминаа неколку години, македонската публика, со радост го очекува да го гледа и на телевизиските програми. Последен пат се прикажуваше за оваа Нова година, а вљубениците во филмот не ја пропуштија шансата пак да го впијат ова филмско дело. За филмот “Исцелител” не зборуваа само македонските медиуми и не остана само во срцето на македонската публика. За филмот, објавија рецензии и светските филмски медиуми, како „Холивуд репортер“, „Варајети“, „Синеуропа“ и други.Најголемиот шарм на филмот “Исцелител” се непретенциозноста и искреноста, филм што балансира меѓу семејна драма, црна комедија и социјален коментар. Публиката вистински го сака, го дочека со овации и воодушевување на премиерата на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, а не беше помалку прифатен и на Солунскиот филмски фестивал, каде што ја доби наградата Фишер од публиката, прва награда од ваков тип, за македонски филм.Мотивацијата за да го сними овој филм е страшната состојба на македонскиот здравствен систем, премрежјата на еден млад човек што се обидува да го спаси својот родител од рак, барајќи алтернативни методи на лекување со канабис, при што влегува во низа неволји со локалните дилери и соседите што започнуваат да го сметаат за “исцелител”. Со Ѓорче зборувавме за создавањето на филмот. За неговите премрежја, како режисер, сценарист и продуцент, да го донесе ова филмско дело пред македонската публика. Што е она што “Исцелител” го направи толку посебен за македонската публика па посетеноста беше во толку голем број? Не сум сигурен дали беше една работа. Веројатно спој на повеќе. Прво филмот зборува за обичниот човек кој се мачи со проблеми како распаднатото здравство, корупцијата и криминалот, почувствувани од повеќето луѓе кои живеат на овие диви простори. Дополнително, главниот јунак се обидува да излезе од тој негов лавиринт на еден мирољубив начин, без да повреди никого, што исто резонира со гледачите. Иако се растргнати со проблемите што ги имаат, а насилството понекогаш изгледа како ефикасен начин на решавање на проблемите, повеќето луѓе не се психопати, напротив, сакаат да излезат од вителот, но и да не ги повредат останатите. И на крај, за гледаноста дополнително беше клучна семејната приказна. Кој човек нема нешто да раскаже за своето семејство? Што ти падна најтешко во врска со создавањето на филмот? Изгледаше како да нема крај. Во стил на познатиот парадокс на Зенон, се чувствував како филмот да тргнал неколку стотина метри пред мене, а јас иако сум побрз, во моментот кога ќе стигнам до точката каде што тој се наоѓаше претходно, сфаќам дека тој поминал некакво мало растојание и сега не ми е на дофат. Потоа повторно ќе дадам сè од себе и навидум брзо ќе ја надоместам неговата предност, меѓутоа кога ќе стигнам таму каде беше пред малку, гледам дека сепак филмот се поместил уште една педа и така до недоглед. Како режисер и продуцент на филмот, најголемиот товар, финансиски и креативен падна на мојот грб. Јас бев гарантот на филмот, осигурителната полиса и не можев во ниеден миг да исчезнам од неговиот живот. Тоа ме истроши. Што ти беше најубавиот момент во врска со филмот? Моментот кога заврши снимањето на филмот за мене беше најубавиот момент од целиот процес. Многу се плашев од снимањето. Години пред да ја удриме првата клапа, ми го земаше сонот. Тоа е толку деликатен и комплициран потфат и многу нешта може да скршнат во погрешна насока. Прво, многу е скапо и тешко да се придвижи целата машинерија наречена снимање на игран филм. И кога ќе тргне, за жал, колку и да се добри подготовките, не зависи сè од тебе. Може да не се погодат временските прилики, може да се случат технички проблеми, здравствени, секакви. За среќа сè помина во најдобар можен ред и јас бев пресреќен. На што се должат многубројните награди во светот? Постои ли формула за да се создаде успешно филмско дело? Не мислам дека има формула. Често го гледаме тоа во Холивуд. И покрај нивниот шаблонски начин на раскажување кој би требало да предвиди успех, често се случува некој филм неочекувано да блесне иако никој не му давал сериозни шанси на почетокот. И обратно, постојат бројни филмови кои на хартија ветуваат успех заради нивниот избор на актери, големиот буџет и поддршката од големите дистрибуциски студија, а сепак филмот доживува неуспех на крај. Што те инспирираше да го снимиш филмот? Сметаш ли дека филмот има социјален импакт кога станува збор за лекувањето со канабис, во смисла менување на свеста кај јавноста во однос на растението? Инспирација ми беше животот кој го гледав околу мене. На пример се мачев со сериозни стомачни проблеми со месеци и движејќи се низ институциите јасно го видов распадот на македонското здравство. И тоа ме заболе. Носам и семејни лузни, израснат со самохрана мајка која се бореше со сиромаштијата, неправдите и патријархалното балканско размислување и тоа беше основата за семејната драма меѓу синот и таткото. Во однос на второто прашање, да бидам искрен не сум сигурен колку филмот ја смени перцепцијата за користењето на марихуаната. Знам неколку пријатели кои ми пренесоа дека филмот дефинитивно го сменил односот на нивните постари родители. Можеби поради хуморот и лесниот пристап, по гледањето на филмот тие веќе не гледаат осудувачки кон корисниците на марихуана. Еден другар дури ми спомна дека татко му се осмелил да проба џоинт на некоја домашна забава и убаво си поминал, се смеел и играл цела вечер. Дали успехот на “Исцелител” ти отвори врати за полесно остварување на идни проекти? Успехот има позитивни, но и негативни ефекти. Можам полесно да најдам пари, меѓутоа сум во зона на внимание. Очекувањата знаат да натежнат и да бидат дополнителен проблем. Со „Исцелител“ делував под радар да речам. Бев ослободен од големи очекувања. Сега очите се свртени кон мене и тоа ми пречи. Дали нешто му недостига на македонскиот филм? Би сакал да видам повеќе средства за развој на сценарија. Во оваа земја режисерите и сценаристите се принудени да работат друго за да преживеат. Веројатно како и повеќето. Меѓутоа има побарување за приказни. Сведоци сме на наплив млади режисери, кои имаат што да кажат, со свежи и храбри приказни кои освојуваат успеси на светските фестивали. Убаво би било да се искористи целиот тој успех и да се вложи таму кај што е најпотребно: во генерирање на идеи за филмови. Се надевам ќе се сменат работите и ќе се создаде издвоен буџет за развој на филмови. Ни спремаш ли нешто ново? Да. Еден долг филм, еден краток и многу фотографии. Очекувајте ме....
Росица Мршиќ: Креациите зборуваат на сопствен јазик
декември 13, 2020
Актуелно / Избор на уредникот / Интервју
Модниот дизајнер Росица Мршиќ веќе подолго време е дел од македонската модна сцена со своите оригинални и интересни модели. Своето образование го стекнала на Факултетот за визуелна уметност и дизајн во Утрехт, Холандија и на Школата при Уметничкиот институт во Чикаго.Таа, веќе со години наназад, не изненадува со необични, храбри и целосно автентични дизајнерски парчиња, за што има и бројни номинации и награди, не само во Македонија, туку и во Европа. За модниот дизајн, нејзиниот пристап кон креирањето, таа ни ја кажа својата перспектива. Вашите парчиња се поетични и многу женствени. Од каде ја црпите инспирацијата? Инспирација се црпи од секојдневието и од личниот интерес и фокус. Мешавина од импулс, љубопитност, барање на нови креативни решенија, будно око и контенплација за да се создаде нова форма, што ќе биде естетски и идејно оправдана, и ќе зборува на сопствениот јазик. Кои дизајнери ги сметате за учители и што е есенцијата што еден искусен учител во модата може да ги научи своите ученици? Искуството и знаењето на дизајнерите се стекнува преку години работа и посветеност на себе-откривање, осознавање и поместување на креативните граници, и постојан развој на сопствените вештини. На светско ниво, има неколку дизајнери чија работа ја следам и ме воодушевува. Мое мислење е дека секој дизајнер, за да биде во чекор и чекор пред времете во кое твори, мора добро да ја познава историјата на модата и да ја следи работата на дизајнерите низ светот. Дизајнерите чија естетика ја сметам за иновативна, автентична и блиска до мојот сензибилитет се: Dries Van Noten, Roksanda Ilincic, Prada, Marni, Christian Wijnants, Emilia Wickstead, Delpozo, Narcizo Rodrigues, Alessandro dell’Acqua… Најважното учење што еден предавач може да го пренесе и да го поттикне својот ученик е да му помогне да го дефинира сопствениот потпис и естетика на творење, да го мотивира постојано да биде иновативен и да не се потпира на својата комфор зона, будно и љубопитно да пристапува кон се што го опкружува, и да гради професионален и темелен однос кон професијата…. Каков е совршениот крој за вас? Тој на кој се поминуваат часови и часови работа и размислување, и кога ќе се постигне точката каде сите прашања, дилеми, опции и недоумици се разрешени, кројот е совршен и оправдан да биде создаден… Која е модата што е изворот од каде што протекува вашата креација, што е она што им недостасува или ги кочи македонските дизајнери да блеснат на светската модна сцена? Македонската сцена е релативна млада и според мене недоволно развиена, за да биде атрактивна на глобалната сцена. Тоа што е пречка за многумина дизајнери е недостапноста и ограниченоста за набавка на репро материјали, недостаток од производствени капацитети кои би застанале зад поголеми нарачки, недоволната помош од државата за промовирање на модниот дизајн надвор од нашите граници… Сите скромни чекори на малкумина дизајнери за промоција на македонскиот моден дизајн, се сведуваат на привремени презентации на своите колекции надвор од државата за кои се потребни големи вложувања за да се биде присутен на интернационалната сцена. Кој е процесот креациите на еден моден дизајнер да стигнат во вистински раце и да биде препознаен? Процесот на промоција на еден бренд, и дизајнерска работа не се случува преку ноќ. За еден бренд да стане препознатлив и да го изгради својот имиџ се потребни неколку години. На светско ниво, новинарите, уредниците, агентите се тие кои ги препознаваат талентите и на тој начин работите стигаат во вистински раце. Кај нас работите се поинакви. Малата и скромна сцена се развива на начин на кој поединецот дизајнер се обраќа директно на своите потенцијални клиенти, и на тој начин нема многу опции за поголема присутност и препознатливост во средината. Кои се модните куќи што се отворени за соработка со млади, нови или не толку светски етаблирани модни дизајнери? Во рамки на македонската текстилна индустрија во моментов има мал број на модни куќи. Тие најчесто се бават со конфекциско производство кое главно е наменето за потребите на деловните жени. Мојот став е дека на младите дизајнери им е потребно почетно работно искуство во поголеми производствени системи за да се доближат до индустријата и да стекнат искуство во професијата. И ја поздравувам поголемата соработки помеѓу индустријата и дизајнерите, затоа што тоа придонесува за поквалитетни домашни производи, ја подигнува свеста за домашниот производ, и ја зајакнува домашната модна сцена. Што би ја посоветувале (од естетски, моден аспект) македонската жена? Стилот и естетиката не е врзан само со облеката и модата. Стилот е личниот избор и став кон се она што го исполнува нашето секојдневие: како го уредуваме домот, како се однесуваме, што јадеме и како го градиме односот со опкружувањето. Облеката и модата се само мал дел од целата приказна. Жена со стил е жена која се познава себе си и на најдобар начин визуелно се претставува, преку внимателно и соодветно избрани модни парчиња и модни додатоци, кои создаваат балансиран, изгладен и рафиниран имиџ....
Ja имав таа привилегијата да учам од тоа слепо животинче
декември 11, 2020
Актуелно / Избор на уредникот / Каскадер
Пишува: Мери Јордановска Често ние членовите за заштита на бездомните животни знаеме да бидеме престроги кога станува збор за купување домашни миленици, па дури и да претераме со инсистирањата да се посвои куче или маче. Но, со текот на годините сфатив дека тоа не може да се наметне како одреден стандард, ниту како правило, а последната случка и ми докажа дека некогаш животните нè бираат нас, а не ние нив. Како да ни се појавуваат пред очи и во моментот кога ќе ги земеме в раце, да знаеме: „Не те давам никому, не те оставам“. Без разлика дали миленикот е расно куче или маче, дали има хендикеп, каква е неговата боја на крзното. Едноставно, знаеме.Баш така се случи Тајсон во мојот живот. Маченце од 300 грама застанато пред гаражата на моите родители, стуткано во ќошот, исплашено, како да го носи сиот терет на светот. Пробав да му се доближам, но толку испаничено побегна, удирајќи се од ѕидови и туркајќи се во моторот од најблискиот автомобил. Веднаш забележав дека ова мало кревко суштестество не гледа и дека има тешка инфекција на очите. Истрчав до аптека да купам маст и кога се вратив, токму во автомобилот каде што беше скриен, влегуваше човек за да го запали. „Застанетееее, ве молам не ја палете колата, имате маченце во моторот“, свикав.Човекот нервозно излезе од автомобилот, ја отвори хаубата, го грабна мачето и буквално го фрли на улицата, како да е смет кој му ја извалкал колата. Тогаш следуваше уште получасовно бркање по улицата. Го фатив и го погледнав мачето, но тоа не можеше. Очите му беа комплетно затворени, инфицирани, не знаеше на каде да се движи, паѓаше. И во тој момент знаев дека никогаш нема да го оставам. Го однесов во ветеринарната станица и реакцијата на д-р Ивица не беше најоптимистична. „Ќе гледаме да му го спасиме барем едното око“. Ветеринар, инекции, дома, ветеринар, инекции, дома, секој ден. Тајсон ниту еднаш не пушти глас. Не замјаука. Не мјаука дури ни сега, пет месеци подоцна.Едното око мораше да му се отстрани комплетно, откако инфекцијата се прошири и постоеше опасност да стигне до мозокот. Во очите имаше конци, а во моите очи само солзи кога дојдов да го земам од ветеринар, а тој се залепи за мене, како да сум му последната трошка надеж. „Дали барем нешто гледа со другото око?“, прашав. „Да, но само некои сенки“, ми одговори ветеринарот. Дојдов дома, го гушкав силно и без престан плачев. Никогаш сум немала контакт со слепо животинче. И токму во месеците кога коронавирусот земаше залет, јас ја имав привилегијата да учам од тоа слепо животинче, поминувајќи цели денови со него. Тој сепак е среќен. Тој се радува кога ќе види сенка и игра со неа, како да е играчка. Се радува кога ќе ги чуе птиците надвор, па пушта чудни звуци – иако не ги гледа, тој воспоставува контакт. Тајсон нè смее. Знае да се качи по скалите од галеријата во станот, но никако не знае да се симне, па должни сме по цели денови да изигруваме „таксисти“, симнувајќи го, а тој преде во знак на благодарност. Процес беше додека да го научи станот, па поминаа можеби два месеци и се навикнавме кога ќе слушнеме јак звук – знаевме дека Тајсон си ја удира главата од нешто, играјќи си и не гледајќи ја препреката пред него. Сега не се ни обидуваме да направиме разместување во станот, бидејќи тој знае точно сè каде се наоѓа, па страв ни е дека секоја промена ќе носи нови „потреси на мозок“. Понекогаш тоа ни делува и смешно, бидејќи знае да се удри од фрижидерот, фотелјата, радијаторот, толку силно, што и мене ме здоболува, а тој продолжува да си игра, како ништо да не било. Не гледа, па затоа останатите сетила му се поразвиени. Реагира бурно на секој звук и морам да признаам дека во животов не сум слушнала мачка да преде толку гласно. Фасцинантно е да се гледа едно слепо маче како расте и како нè учи – дека живите суштества можат да се приспособат на секоја ситуација и притоа да бидат благодарни што се живи и сакани. Тајсон можеби не гледа, но нас нè научи да ги гледаме работите со поинакви очи. И кога ќе ме погледне, секогаш имам чувство како да ми намига, со поглед кој вели, „гледаш дека сè може да биде во ред“. ...
Ива Дамјановски: децата се бесмртни, а возрасните не се
декември 8, 2020
Актуелно / Избор на уредникот / Интервју
Како се создаде песната „Дете“ Ива Дамјановски е добитник е на наградата „Игор Исаковски“ за најдобар дебитантски поетски ракопис во 2017 г. Нејзината стихозбирка „Тие“ е издадена во 2017 година од издавачката куќа Блесок. Во 2020 е издадена и нејзината втора стихозбирка „Двоумење”, за која и е доделена наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата. Поезијата на Дамјановски е преведувана на српски, грчки, хрватски и словенечки јазик.Таа всушност e млада пијанистка од Скопје. Но, нејзината песна „Дете“ е нешто што одамна вака не одекнало помеѓу македонската публика. Дете Децата не се луѓе.А луѓето им љубоморат на децатаи затоа ги фаќаат за рачеи им велат:ова земја е,ова трева е,ова гроб е,ова цвет е,а ти – дете. Децата не се луѓе.А луѓето им љубоморат на децатаи затоа ги фаќаат за рачеи им велат:ова сон е,ова пластика е,ова закон е,ова ред е,а ти – дете. Децата не се луѓе.А луѓето им љубоморат на децатаи затоа ги фаќаат за рачеи им велат:ова телефон е,ова пари се,ова војна е,ова грев е,ова – светец,а ти – дете. Децата не се луѓе.Луѓето им љубоморат на децатаи затоа ги фаќаат за рачеи им велат:ова рака еи раката мора да крвави,да пита,да копа,да пишува,да плете,раката на секој човеки на секое дете. Ама децата не се луѓеи луѓето им љубоморат на децатабидејќи децата се бесмртни,а луѓето не сеи затоа ги учат декамора да се спие,да се јадеи никако да не се оди босза да се преживее. И децата верувааткога им се вели:ова смрт е,ова небо е,ова свет е,а ти – само дете. Со сурова љубопитнострастрчаните децаненадејно запираати иако се раѓаат бесмртни,учат да умираат. Ја прашавме Ива како ја создаде „Дете“? Песна што е како активиран вулкан од емоции, нешто што малкумина умеат, песна без задршка, без артифициелност, во крајна линија без грам товар. Она нешто недофатливо, што го поседува поезијата на великани, тоа нешто го држела Ива в рака и ни го даде експлозивно, токму тука, во „Дете“.Еве што ни раскажа таа за раѓањето на песната: „Дете“ е напишана пред неколку години и не ми беше воопшто предвидена за објавување, не успеа да влезе во мојот избор за дополнетото издание на „Тие“ и иако оние неколкумина што ја имаа прочитано пред да излезе „Двоумење“ имаа позитивни коментари за неа, јас лично сметав дека не е доволно добра. Кога го подготвував изборот за втората збирка и се навратив и ја допишав последната строфа и мислам дека тоа ја направи сета разлика (барем за мене). Мислам дека ова е и поврзано со предизвикот кој си го зададов, а тоа е да одговорам комплементарно на содржината и преку стилот, пишувајќи ја песната со едноставни зборови и стил на римување типичен за поезијата наменета за деца. Тука се јавува проблемот на рамнотежата помеѓу возвишеното детско и пејоративното инфантилно, нешто што јас постојано го барам во она што го пишувам, без оглед дали се работи за музика, поезија или проза, а и во себе си. Најчесто ги пишувам песните околу некоја многу конкретна идеја или стих; кај „Дете“ тоа беше идејата дека децата се раѓаат сосем чисти, без поим за ништо што е зло, тоа е она што се учи, па мислев дека е интересно ако метафората се пренесе и на самата смртност: „децата се бесмртни, а возрасните не се“ – смртноста и несовршеноста се нешто што се учи, а светот кој го создаваат возрасните често ми изгледа дека се обидува тоа и да го охрабри. Восхитот од детското е дефинитивно тема која се провлекува во „Двоумење“ (многу ми беше драго што ова беше потенцирано во освртот од страна на комисијата на СВП) и има и други песни во кои е очигледна мојата лутина кон заборавањето и негрижата за детското и песимизмот во кој растат децата денес, како што е на пример и „Песна за мирот на барем три јазика“.Многу ми е драго ако оваа порака допира до читателите, бидејќи сметам дека човештвото нема поважна задача од потполна посветеност на создавање подобар свет што ќе мораат да го наследат идните деца и дека нема ништо повозвишено од тоа да се зачува детскиот поглед, полн со безмилосна љубопитност и едноставна љубов кон светот....
Вистината за сродните души
декември 2, 2020
Љубов / Актуелно / Духовна гимнастика / Избор на уредникот
Терминот “сродна душа” е веќе со децении, ако не и векови наназад толку распространет, што буквално има море од “вистини” за оваа појава. Во овој текст се обидовме да издестилираме што се оние клучни показатели, упатувачи, ако сакате “знаци” што би биле најблизу до вистината, ако воопшто и може да се каже дека таква вистина постои. Потекло на терминотЕдна рана употреба на зборот „сродна душа“ доаѓа од поетот Семјуел Колриџ во писмо што датира од 1822 година: „За да бидете среќни во брачниот живот… мора да имате сродна душа“. Платон пак, го цитира поетот Аристофан дека сите луѓе некогаш биле обединети со својата втора половина, но Зевс ги разделил од страв и љубомора. Многу верувања упатуваат на тоа дека паровите што се со својата сродна душа се многу “помоќни” во својот личен живот (во однос на времето кога биле сами), но и во однос на општеството и воопшто светот. Вистина број 1Кога ќе се обедините со својата сродна душа, вашиот живот ќе се промени на подобро. Не на полошо. Невозможно е да сте со својата сродна душа, ако бивањето со некоја личност ве одвело кон зависности, разни пороци, злоупотреби, губење на кариерата, нарушување на пријателските и семејните односи, итн. Вистина број 2Обединувањето со сродната душа не е анскиозност или тн. “пеперутки во стомакот”. Ако се чувстувате нервозно во присуство на вашиот партнер, љубовник, тоа е сигурен знак дека тој/таа не е вашата сродна душа. Многу духовни практики се стремат кон тоа човекто да најде мир и љубов во своето срце. Сосема контрадикторно на секоја духовност е нешто што ви е подарено од Универзумот, од Бога да внесува немир и несигурност во вашето срце. Некои луѓе се дотаму маѓепсани од терминот “сродна душа” што се во состојба ова да го препишат на луѓе во нивниот живот што буквално им внесуваат страв. Тие луѓе навистина не се без причина во нивниот живот, ти се таму за да им покажат дека треба да работат на себе, да создадат вистински вредности (сопствени) во својот живот за да бидат подготвени да ја сретнат вистинската сродна душа. Вистина број 3Сродната душа е секогаш на ваше емотивно, ментално, физичко, социјално ниво. Што значи ова? Дали значи ако вие имате висока едукација и вашата сродна душа има исто така? Секако дека не. Но, значи дека искуствата во животот ви се толку компатибилни што разликата во едукација никогаш и нема да ви падне на памет. Дали значи дека ако вие сте сами, вашата сродна душа не може да биде во брак? Секако дека да, доколку сте подготвени (духовно и емотивно) за сродна душа, невозможно е да се најдете во улога на растурач на бракови или пак, уште полошо семејства. “Ама можеби треба да ја/го спасам од “лошиот” брак. Можеби тоа е дел од мисијата?” Зарем мислите дека Универзумот за мисија ви дал да “спасувате” луѓе од нивните одлуки, од нивната слободна волја? Можеби треба повеќе да работите на себе и да ја увидите вистинската мисија што ја имате на овој свет, мисија што ќе остави печат на општеството, заедницата, технологијата, медицината, архитектурата, уметноста итн. Замислете Марија Кири да сметала дека нејзината мисија е да го спасува Пјер (или обратно), наместо да се фокусира на најзиниот пронајдок, што спасувал животи. Дури можеме слободно да кажеме дека доколку вашиот партнер/ка не е слободен, тоа со сигурност значи дека тоа НЕ Е вашата сродна душа. Вистина број 4 Секогаш еден од сродните души е поуспешен од другиот. Ове е целосна невистина, вистината е дека доколку сте со сродната душа и двајцата сте успешни, еднакво успешни. Што значи тоа? Тоа не значи дека како Марија и Пјер, треба да работите во истото поле, иако тоа не е исклучено. Тоа значи дека ако едниот партнер е успешен архитект, а другиот партнер е сопственик на локална цвеќарница, може да се работи за сродни души. Па што имаат овие двајца заедничко? Заедничка им е естетиката, љубота кон уредувањето, човечката комуникација со луѓето (едниот на локално, а другиот, можеби на глобално ниво). Понекогаш таа моќна компатибилност не е воочлива на прв поглед, понекогаш тие имаат еднаква страст кон работите (што се различни за секој поединечно) на пример едниот партнер страсно ужива во фудбал додека другиот партнер страсно ужива во јога – навидум овие луѓе се некомпатибилни, но всушност поважна е компатибилноста во однос на страста, отколку дали се работи за јога или фудбал....
Џигер: Ритамот е нешто што сите го имаме во себе
ноември 30, 2020
Актуелно / Избор на уредникот / Интервју / Каскадер
Како човечки битија имаме срце и тоа чука во ритам Талентиран, искрен, човечен и опасно харизматичен. На 28-годишна возраст неговата кариера веќе има густа содржина, професионално се занимава со свирење тапани речиси цела деценија. Основач е на бендот „Bramha Amity Trio“ и е дел од бендовите „3Ject“ и „Musaiq“, а како „session“ музичар е дел и од „Next Time”. Последно го видовме на “Drum Fest” во МКЦ а за ова време-невреме вели дека се труди да остане со позитивна мисла и во добра физичка кондиција. А нешто последно, познато на јавноста, е песната “Ратата” во соработка со Тони Зен. Александар Ванчовски, во јавноста познат како Џигер, е млад македонски тапанар, што во последните неколку години блеска на македонската музичка сцена. Своето формално музичко образование го усовршува на џез академијата “Гоце Делчев” на одделот џез тапани, под палката на професор Алек Секуловски. Покрај творењето тој е и инструктор по тапани во Roma Rock School. Во април издаваат сингл со Bramha Amity Trio како најава за вториот албум со малку сменет состав од претходниот албум. Потоа се поканети со Гоце Стевковски да настапат на All About The Jazz со 3ject. Со 3ject свират и на Jazz Factory Festival во Битола со Bramha Amity Trio што воедно им е прв настап со новиот состав. Потоа издаваат два сингла со 3ject – FlaTTard и видео создадено од неколку многу стари цртани филмови, чиј автор е Наско Џорлев – долгогодишен другар. Второто парче се вика РАТАТА, новата песна со Тони Зен. За оваа песна тие знаеле дека сакаат да имаат гостин што ќе рапува. При случајна средба, одлучуваат дека храбро во овој оган може да влезе Тони Зен. “Се слушнавме со Тони, го поканивме да ни гостува и го напиша текстот за неполна недела. Иван Куртевски го направи видеото, без што не би се доловила целата слика на песната. Се надеваме дека до крајот на годинава ќе излезе и албумот. Полека но сигурно, влегуваме во студио со Bramha Amity Trio да го одработиме и вториот албум.” – раскажува за идејата Џигер. 1. Дали музиката беше на твоето дневно мени како дете? Музиката како дете ме опкружуваше, сосема случајно, од сите страни. Прво ќе почнам од тоа што татко ми пушташе: John Lee Hooker, AC DC, Motorhead, Deep Purple и многу блуз и рок. Потоа ме слушнале дома моите како пејам и ме пратија на Супер Sвезда и испеав песна што се викаше “Шармер”. Подоцна во 3-то одделение се сеќавам за роденден ми донесоа албум од Metallica – And Justice For All. Тоа ми беше шок и такво нешто немав слушнато до тогаш. Потоа го открив Еминем и како секое дете растено во 2000-те се навлеков. Потоа почна да ме интересира друг вид на рап музика, па стигнав до 2pac. Имаше Хип Хоп Шоп во ТЦ Бисер и се сеќавам ги терав моите да ми купуваат некаква си хип хоп облека: широки фармерки, широки маици, ланци, бандани. А мајка ми беше таква што ми купуваше скоро се. Во хип хоп продавницата работеше поранешниот рапер Мустафа (кој растел 2000-ти го познава) и до ден денес сум му благодарен затоа што ми подари неколку рап албуми што ми направија револуција во тој период. Потоа во Аеродром, населбата каде што живеам, присуствував на една дружба на таканареченото “Криво Дрво” и еден пријател имаше ЕЛЕКТРИЧНА ГИТАРА СО ПОЈАЧАЛО НА БАТЕРИИ и ја свиреше “Smеlls Like Teen Spirit”. Тоа за мене беше како да сум видел летачка чинија. Се навлеков многу на рок музика повторно. Исто така имаше емисија на ТВ што се викаше Рок Кафе, и од таму научив многу за музиката. Потоа имав среќа, татко ми да ме однесе на концерти на култни бендови што доаѓаа кај нас. Навистина бев опкружен со музика и култура на дневно мени. Некако сите детски игри си ги спојував со некоја музика. Секако, важно е и тоа што имав преголема среќа да имам голема поддршка од моите родители и роднини, веројатно виделе нешто во мене. 2. Што те натера да избереш тапани како инструмент? Дали можеби некогаш, во минатото си бил посветен на некој друг инструмент? Тапаните во мојот случај дојдоа многу махинално и ненамерно. До прва година средно свирев на гитара и бев убеден дека ќе бидам многу добар гитарист. Во средно училиште се обидов да се запишам на гитара, но немаше место и не ме примија. Ми рекоа има едно место на ударни инструмент, а јас бев тотално заљубен во музика, како и ден денес па си реков ајде, само да сум во контакт со музиката и се запишав на ударни инструменти во ДМБУЦ. Потоа се сеќавам дека си ја продадов едната гитара за да истетовирам добош. На други инструменти сум посветен и денес, во оваа пандемија, голем дел од времето го користам за свирење на бас, гитара и клавир. 3. Каква е разликата во твојот развој како музичар, од пубертет, па се до денес? Како и секој човек што расте со текот на годините така е и со музиката. Нормално е дека имам пораснато музички од тогаш до сега, но музиката е таква што никогаш нема да ја научиш и постојано ќе има нешто што не го знаеш. Илија Пејовски, професор на факултетот, ни кажа на едно предавање “музика не се учи- музика се студира”. Уште сум во пубертет кога се работи за музика. Секое преслушување или создавање на ново дело е нешто ново и невидено. Секој концерт и настап се различни. Музика е жива материја. 4. Зошто џезот те фасцинира како музичар? Конкретно за џез нема да коментирам многу затоа што според мене тоа е музика на многу различна култура од нашата. Што е тоа џез? Секој си го разбира различно и тотално има право. Јас го доживувам како напреден стил на музичко творење. Мене ме фасцинира тоа што за разлика од другите музички жанрови, овде не мора да си во шаблонот. Го доживувам како ROCK & ROLL. 5. Што и недостига на Македонија кога станува збор за бендови, џез музика, па и конкретно за тапанарите и нивниот музички израз? На Македонија и недостасува култура пред се. Имаме многу музика кај нас, од многу одамна. Имаме многу бендови. Има бендови што вадат албуми секоја година посебно на алтернативната сцена, меѓутоа тие бендови нема баш кој да ги поддржи. Повторно ќе кажам тоа е се поради културата што ни е на мизерно и ниско ниво. Имаме точно две места за свирење клубски концерти, кои пак го навикнаа народот да се журка само на кавер бендови. Кавер бендовите се супер, така се учи музика и мора да ги има. Ова со авторската музика е малку различно, доаѓаш на концерт за да уживаш во музиката на интерпретаторот или да ја поддржиш сцената, а не затоа што е петок или сабота. Како што одите во кино или на театар или на изложба. Џез музиката јас ја ставам во алтернативниот кош. Како што напоменав има многу. Морам да го спомнам Гоце Стевковски и З.Џ.М. што секогаш излегувале во пресрет и се борат да ја издигнат таа сцена на повисоко ниво. Ја имаме таа среќа во несреќа, дека сме мала земја, и се знаеме скоро одлично сите меѓу себе. Тапанари во МК има исто така многу, и сите се одлични на свој начин. Но, едно знам – сите сме различни. 6. Тапанарот во рок група го зазема центарот на сцената и сите се фокусирани на него. Во еден џез-бенд е сосема поинаку. Тапанарот седи во аголот на сцената и ја одржува позадината на сцената како своe поле на игра. Како успеваш да ја пренесеш пораката до останатите членовите на бендот? Има голема улога во тоа каков е филмот на бендот. Пак ќе напоменам дека џез музика за мене е како и секоја музика. Многу често ми се случувало да седам на страна и додека сум свирел рок или метал, или било каков жанр. Мене ми е подобро кога сум на страна. Пред се, бидејќи имам поголема контрола на звукот, одлична комуникација со публиката и поголема комуникација со останатите во бендот. Исто така, честопати сум се местел на страна поради сценографијата. Конкретно со бендот 3ject иако немаме некој џез призвук, мене ми е многу попријатно да свирам на тој начин. Тројца сме. Плус имаме подобра контрола и комуникација и плус мислиме дека пофраерски изгледа. Се случувало кога се работи за голем состав да биде тапанарот и многу подалеку. Ако е голема сцената и ако немаш добар мониторинг е многу тешко да се одсвири концертот. Затоа имам in ear монитори кои ми завршуваат работа секогаш. Моја препорака драмери – да си земете in ear. (се смее) 6. Како ја дефинираш твојата улога во бендот? Улогата на еден тапанар е под слична одговорност со сите останати инструменти. Професорот Алек Секуловски, на првиот час по тапани рече: “тапанот е инструмент што треба да го натераш тој пред тебе да игра”. Секако улогата е да бидеш што можеш понормален човек психички, посветен, да можеш да работиш со што повеќе музичари, и на тој начин да го најдеш својот автентичен израз, со текот на годините. 7. Кога станува збор за енергијата, ритамот и тајмингот, како го правиш тоа, имаш ли механизам на кој се потпираш? Ритамот е нешто што сите го имаме во себе. Како човечки битија имаме срце и тоа чука во ритам. Кога се работи за инструмент, секако дека треба да се работи на таа тема. Секој таканаречен успех доаѓа со многу работа и споделување искуства. Ритамот е нешто што се изучува со години и никогаш нема да ги знаеш “сите ритмови”. Слушање многу музика, останување до разденување и секако свирење со музичари многу подобри од тебе. Тајмингот не зависи само од тапанарот. Тајмингот зависи од цела ритам секција. Според мене тоа е работа што никогаш неможе да биде точно до БПМ. Зависи од тоа како ти се одвивал денот. Има тапанари што влечат напред во темпо и има што влечат назад. Се што може е да работиме на дишењето. Со самата возбуда може да завлечеш напред во темпо. Кога имаме било каква возбуда ни застанува здивот на некоја мили секунда и ја расипуваме работата на срцето, центарот од каде ни доаѓа ритамот. Исто има решение на вежби кои се викаат рудименти и се многу важни за да бидете целосен тапанар. Енергијата не е секогаш иста. Секој настап си бара различна енергија. Повторно ке напоменам. Зависи каков ти бил денот. Но како професионалец кога ке застанеш пре полна публика никој не го интересира каков ти бил денот. Затоа се работи на овој инструмет засекогаш и никогаш нема да го научиш. Поентата е во правиот патот целта ке си дојде затоа што секако патуваш....
БОБ ДИЛАН: “ROUGH AND ROWDY WAYS”
ноември 28, 2020
Арт / Избор на уредникот / Музика
Ова е неговиот прв албум со нови песни во последните осум години. Дилан воодушевува што неговата работа како да доаѓа од сенка, затскриено и волшебно. Расположението на целиот албум е како руминисценција преку приказните што ги раскажува (каде смртноста станува подеднакво подредена како моралот) така е и со звучната сценогографија на бендот на Дилан. Зборовите се ѓаволски како и секогаш, било да е тоа за време на претпазливиот откуп на “My Own Version of You” (“I will bring someone to life in more ways than one; don’t matter how long it takes, it’ll be done when it’s done”) или статусот на слава во “Goodbye Jimmy Reed” (“I need you like my head needs a noose”). Дигестијата на овој албум прави чувство како она кога читаме важни и есенцијални дела. Албумот е густ и обемен. Прави музика на свој, автентичен начин, со еден збор, дилановски. Сега како да креира констелација на музика со историски референци што се чини како да вели, еве ви го мојот космос, ви го подарувам! Листата е навистина прекрасна за слушање. Песните не се случајни, напротив, негувани, интенционални и богати со широко објаснување. Секоја песна прави слушателот да се приближи што поблиску и да ја прими музиката, не посериозно туку на еден сосема поинаков начин. Дилан не се обидува да импресионира или да ја задоволи публиката. Нема очигледен обид да се прикрие уморениот, ограничен глас или повремено валканите зборови. Пилулата не е зашеќерена, горка во својата гола форма. Што е поентата? Никој не сака да чуе слатки говори со извештачен јазик. Вистината е талисман, кажи ја како што е....
Facebook
Twitter
Youtube
Instagram
Previous
Next
Дома
Арт
Зошто музиката предизвикува морници?
Модни трендови што треба да исчезнат во 2021
Серија што не се пропушта : The OA (Original Angel)
Нови книги за уметност
Мода
Филм
Уметност
Музика
Серии
Фотографија
Литература
Здравје
Храна што не може да ве здебели
Црвено вино за добар сон
Ендорфините се природни поттикнувачи на доброто расположение
Рoдиола против стрес
Храна
Нега
Вежбање
Живот
Дали навистина знаеме да слушаме?
Скен на мозокот покажал дека дел од нас останува “ЈАС” до крајот на животот.
Луда и незаборавна домашна новогодишна забава
Што ги задржува луѓето да ги напуштат работните места што ги мразат?
Каскадер
Колумна
Интервју
Духовна гимнастика
Љубов
Психологија
Есенција
Технологија
За нас
Контакти
0
%
✕
Најави се
Social connect:
или
Име
Лозинка
Запамти ме
Го изгубивте вашиот пасворд?
✕
Затвори
Дома
Арт
Мода
Филм
Уметност
Музика
Серии
Фотографија
Литература
Здравје
Храна
Нега
Вежбање
Живот
Каскадер
Колумна
Интервју
Духовна гимнастика
Љубов
Психологија
Есенција
Технологија
За нас
Контакти
✕
Дома
Арт
Мода
Филм
Уметност
Музика
Серии
Фотографија
Литература
Здравје
Храна
Нега
Вежбање
Живот
Каскадер
Колумна
Интервју
Духовна гимнастика
Љубов
Психологија
Есенција
Технологија
За нас
Контакти
Latest Posts